Како да го научите детето да им помага на другите, но без да се жртвува себеси?

Едeн од поважните периоди во животот на детето е кога ќе се запише во средно училиште. Тогаш се менуваат многу работи во неговиот живот - се спријателува со многу луѓе, созрева и станува помалку зависно од родителите.

„Овој период е тежок и со многу предизвици, но и убави моменти“, објаснува Хелен Рис, психијатар на Харвард.

Во овој период децата вложуваат во пријателствата и даваат сè од себе.

Додека децата го развиваат својот идентитет, имаат желба да бидат препознаени од околината, имаат потреба да им покажат на родителите дека знаат како да се грижат и како да им помогнат на блиските пријатели.

Но, како да го научите вашето дете да биде добродушно, но сепак да постави граници и да не се жртвува себеси?

Пофалете ги

Децата во овој период од животот функционираат во многу комплексни мрежи и односи и понекогаш им е многу тешко да направат некоја поголема промена бидејќи имаат помалку слобода и автономија во својот социјален живот за разлика од возрасните.

На пример, детето може да престане да се дружи со некое дете од одделението, а потоа да биде на некоја заедничка задача со него.

Следете ги тие односи и пофалете ги кога ќе забележите дека направиле нешто корисно за проектот, без оглед на тоа дека се скарани со пријателот и без разлика на тоа дали постигнале резултат или не.

Почитувајте ја нивната природа за самостојност

Иако можеби ќе сакаат да му помогнат на пријателот, многу често знаат да се затворат во себе или да се бунтуваат доколку им кажувате како треба да се однесуваат.

Многу е тешко да го гледате вашето дете како поминува низ стресни ситуации или низ неуспех, но треба да му дозволите самото да стекне позитивни или негативни искуства од некое пријателство. Секако, доколку забележите дека се наоѓа во сериозна ситуација, тогаш ќе му ја понудите вашата помош и поддршка.

Обидете се заедно да најдете решение за проблемот

Потсетете го вашето дете дека не мора само да го решава секој проблем којшто ќе му излезе на патот. Обидете се да му го објасните и да му помогнете.

Помогнете му да сфати дека не е виновно за секој проблем. Едноставно, има многу расипани луѓе на коишто ќе им помогне, а потоа нема да му возвратат со иста мерка кога нему ќе му биде потребно.

Научете ги да ги препознаваат „крадците“ на позитивна енергија

Истражувањата покажуваат дека децата се однесуваат слично како и нивните врсници. Но, постои и нешто коешто помеѓу луѓето е познато како „енергетски вампир“, па често се спријателуваат со некои коишто ќе ги понижуваат. Научете ги да ги препознаат таквите пријатели за да не дадат сè од себе помагајќи на некој пријател, а потоа да ја загубат самодовербата и да бидат повредени.

Помогнете им да не веруваат во стереотипи

И мажите треба да ги искажуваат емоциите. Научете го вашето дете дека нема ништо лошо во тоа, но ваша задача е да му покажете како да прави баланс помеѓу тоа да им помогне на другите и да го чува сопствениот интегритет.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе