Како да го поставите Android телефонот за да работи подобро?

Промените во поставките може да го продолжат животниот век на батеријата, да донесат придобивки од темниот режим и да направат значителна разлика за уморните очи.

Телефоните со Android доаѓаат со поставки кои диктираат како работи уредот, без разлика кој модел е во прашање (истото, се разбира, важи и за iPhone).

Тоа што некој однапред ги поставил поставките не значи дека тие одговараат за секој корисник, а добрата вест е што можат да се променат за да го добиете најдоброто можно искуство.

За да сменат одредени опции, корисниците мора прво да знаат каде се наоѓаат, но важно е да се има предвид дека не сите уреди со Android се исти, па опциите може да се разликуваат во зависност од производителот и верзијата на оперативниот систем.

Промените во поставките може да го продолжат животниот век на батеријата, да донесат придобивки од темниот режим и да направат значителна разлика за уморните очи.

Продолжете го животниот век на батеријата

Животот со телефон кој има лоша батерија може да биде многу комплициран, но за среќа постојат чекори кои можат да се преземат за да се подобри ситуацијата.

Колку е потемен екранот, толку помалку енергија троши, па би било добро нивото на осветленост да се намали под 50%. Ова може да се направи преку лизгачот лоциран во менито на горниот дел од екранот. На некои телефони, оваа функција е поставена автоматски да се прилагодува, така што треба да отидете во Settings и да барате Brightness или Display & brightness за да го промените тоа.

Чекор по чекор за тоа како да ја направите промената (клик на сликата за поголема верзија):

Постојат и опции преку кои можете да ја промените количината на енергија што ја трошат апликациите. Некои телефони со Android имаат посебен дел „Battery“ во поставките, додека други се закопани меѓу другите опции (моделите на Samsung, на пример). Затоа, постојат мали разлики помеѓу различните уреди.

Доколку во поставките има посебен дел „Battery“, потребно е да кликнете на него за да добиете корисни информации за тоа колку енергија останува и колку часа ќе трае батеријата. Има и „Power saving Mode“ и „Ultra Power Saving Mode“, листа каде што можете да видите колку троши секоја апликација и други добри работи.

Dark mode е добра работа

Друг начин да го продолжите траењето на батеријата, но и да ги одморите очите е Dark modе, односно темниот режим. Сите модели кои работат со помош на Android верзија 10, па и понова, ја имаат оваа опција (иако денес многу апликации имаат темен режим, па постарите верзии на Android можат да го решат проблемот).

Google тврди дека темниот режим позитивно влијае на сетилото за вид и заштедува енергија од батеријата, бидејќи OLED екраните бараат помалку енергија за прикажување на темни позадини. Опцијата за прилагодување на темниот екран може да се наоѓа на различни места - во зависност од моделот. Некои телефони имаат мени на горниот дел од екранот, додека други бараат одење до поставките и барање Dark Mode, Dark Theme или дури и Night Mode (Samsung го нарекува така).

Погледнете како да го поставите темниот режим:

Remote video URL

Се препорачува темниот режим да е постојано вклучен, а на некои телефони може и да се програмира, да се вклучува во одреден дел од денот или да се менува во зависност од тоа дали е утро или вечер. Очите сигурно ќе ви бидат благодарни.

реклама

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе