Како да го преземете Windows 11? Првата верзија е веќе достапна

Microsoft официјално го претстави Windows 11 на 24 јуни, давајќи му го на светот првиот поглед на новиот дизајн, карактеристики и подобрувања во перформансите што доаѓаат во оперативниот систем за 2021 година.

Windows 11 нема да биде на пазарот до почетокот на божикната празнична сезона, што значи дека ќе мора да почекате неколку месеци за да го видите официјалното издание. Сепак, во понеделникот, 28 јуни, Microsoft го објави првиот Windows 11 Preview Build за членовите на Windows Insiders, кој е наменет за оние кои сакаат да ја испробаат најновата тест верзија на Windows, за да ги видат новитетите, но со компромис во форма на потенцијални багови и грешки во системот. Ако сте од нив или едноставно сте љубопитни, прочитајте како да бидете еден од првите што ќе го преземат Windows 11 и да дознаете за овие нови функции.

За да го преземете Windows 11, прво ќе треба да потврдите дали вашиот компјутер ги исполнува условите за да го изврши ажурирањето.

За да го направите ова, можете да го следите нашиот водич, кој ги содржи минималните спецификации потребни за ажурирање (накратко, 64-битен процесор со 4 GB RAM и 64 GB простор), а исто така ќе треба да се најавите за Windows Insider.

Remote video URL

Еве како да се регистрирате за Windows Insider:

  • Одете на insider.windows.com
  • Кликнете на „Регистрирај се“
  • Кликнете на „Регистрирај се сега“ за да се најавите на вашиот Microsoft профил
  • Следете ги упатствата за регистрација за програмата Insider.

Windows 11 Preview Build 22000.5 сега влезе во програмата за програмери, дозволувајќи им на регистрираните на Windows Insiders да ја преземат првата верзија на претстојното ажурирање на нивниот компјутер.

За да се осигурате дека вашата машина со Windows 10 е подобна, мора да отидете во Поставки> Ажурирање и безбедност> Windows Insider и да овозможите Dev Channel. Потоа, ќе го преземете и инсталирате Windows 11 на вашиот уред следејќи ги упатствата.

Сепак, треба да имате предвид дека ова веројатно не е најстабилната верзија на Windows, па затоа можеби е најдобро да ја резервирате за уред на кој не се потпирате во вашата секојдневна работа или за што било важно сè додека не излезе целосната верзија подоцна годинава.

Интеграцијата на Android апликациите преку продавницата за апликации на Amazon, иако е најавена, не е достапна во тековната верзија. Таа опција веројатно ќе ја видиме во текот на летото во подоцнежната верзија на Windows 11 Preview.

Во објава на блог, тимот на Windows 11 напиша: „Како што го финализираме производот во текот на следните месеци, ќе работиме со вас за да го оформиме искуството. Ќе пробате многу, но не и сите нови карактеристики што ги покажавме минатата недела во оваа верзија за ран преглед. Во следните месеци, Microsoft ќе донесе повеќе функции како ажурираната „Продавница“, Chat со Microsoft Teams и Android апликации интегрирани во оперативниот систем“.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Софтвер

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more

Microsoft ја укинува поддршката за Android апликациите на Windows

Read more

Apple казнет со 1,8 милијарди евра за кршење на правилата за стриминг

Read more

Корисниците на Windows 11 сега можат да ги користат мобилните како веб камери

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе