Како да го забрзате растот на Вашиот мал бизнис со минимален влог?

Растот и развојот на вашиот бизнис не мора секогаш да се базира на големи инвестиции, иако на прв поглед, тоа се чини како генерално правило, особено ако сте сопственик на компанија кој што сака да го забрза растот на својот бизнис без некои поголеми вложувања.

За волја на вистината, во пракса, Вие рапидно би можеле да го подобрите успехот на вашиот бизнис, и без некоја поголема инвестиција, особено доколку постапите правилно и ги искористите предностите кои ги нуди најголемото огласувачко место во Македонија - Пазар3.

1. Креирајте сопствен „мини вебсајт“ бесплатно

Една од придобивките кои ги нуди Пазар3 за сопствениците на бизнис е можноста за отворање на сопствен мини вебсајт односно продавница на нивниот сајт преку кој ќе можете да ги искористите придобивките од онлајн присуството, а воедно и драстично да ги намалите трошоците кои што во суштина би ги имале за да креирате веб сајт, и да ангажирате стручни лица кои истиот би го одржувале.

Покрај ова, вашиот бизнис ќе може да напредува постојано и секојдневно без разлика на индустријата во која работите, бидејќи вашите производи или услуги ќе можат да бидат претставени пред широкиот аудиториум на вистински начин, наместо постојано да сте во потрага по клиенти кои би требало да се запознаат со вашиот производ.

Голем број на фирми веќе ги користат придобивките од отворањето на продавница на Пазар3.мк. Без разлика на индустријата и целата на работењето, голем број на фирми веќе ја почуствувале предноста на онлајн огласувањето на Пазар3!

2. Бидете активни онлајн по најповолни цени за бизниси 

Цената на огласување на Пазар3 за бизниси е доста по поволна и огласувањето преку продавница за правни лица изнесува 30 ден. за регистрација на нов оглас, и 15 ден. за обнова на постоечки оглас. Вашиот минимален „влог“ ќе Ви обезбеди експоненцијален раст на бизнисот, а со тоа ќе добиете и огромен профит за кој што досега не сте ни замислувале дека би можеле да го добиете. 

Најчесто, сопствениците на фирми сметаат дека не секогаш нивните бизниси во целост можат да ги исполнат очекувањата, особено во поглед на профитот.

Но, имајќи го предвид фактот што Пазар3 важи за најголемото огласувачко и купопродажно место во Македонија, користењето на нивните услуги и креирањето на продавница кај нив нуди огромни поволности, а една од нив е и ова.

3. Погрижете се за изгледот на Вашата продавница / мини вебсајт

Откако ќе ја креирате вашата онлајн продавница / мини вебсајт, тој дел од  виртуелниот простор е потполно ваш, а тоа значи дека вашата обврска би била да ги ажурирате податоците околу вашиот бизнис, да надополните со што се занимавате, опис на производите / услугите, телефонски број за контакт или електронска адреса заедно со останатите податоци кои што се неопходни за да вашиот бизнис биде по претставителен пред посетителите.

Кога ќе добиете повик од заинтересираните клиенти погрижете се да понудите одлична корисничка поддршка и услуга, бидејќи таа е клучна за да вашата продавница и бизнис станат добро познати кај потенцијалните клиенти од кои голем дел би станале и ваши редовни потрошувачи.

4. Комуницирајте со заинтересираните потенцијални клиенти

Секоја фирма која има регистрирано своја продавница на Пазар3, меѓу другите поволности ја има и алатката за Chat односно Пораки, каде што може да комуницира со сите заинтересирани.

Редовната комуникација и проверка на сандачето за пораки во вашата продавница е клучот за одлично работење на бизнисот бидејќи воспоставувањето на бизнис врски со клиентите на долг рок значи и зголемени приходи, но, и можност за добивање на уште поголем број на лојални потрошувачи. 

Имено, клиентите треба секогаш да бидат поставени на пиедесталот, поради фактот што речиси секој бизнис и продавница зависи исклучиво од колку тие се задоволни.

Па така, единственото нешто кое што се бара од вас е да му посветите доволно внимание на секој поединечен клиент, и да им понудите производ, услуга и внимание какви што очекуваат!

5. Мерете ги маркетинг статистиките бесплатно

Благодарејќи на бесплатните алатки кои ви следуваат при отворање на продавница на Пазар3, вие ќе имате далеку поголема прегледност околу маркетинг статистиките, па така, би знаеле кој тип на објави се привлечни, кои производи будат најголем интерес за публиката, за да подоцна, креирате подобра маркетинг стратегија.

Истовремено, понудените алатки на нашиот сајт со кои ќе ги следите маркетинг статистиките се интуитивни, и лесни за користење, а тоа се одлични вести за вас бидејќи никогаш не би се соочиле со потешкотии да разберете во која насока треба да го водите вашиот бизнис / продавница.

Ова е само една од причините поради кои луѓето се одлучуваат за отворање на продавница на Пазар3!

6. Продавајте без лимит насекаде во земјата и странство бесплатно

Можностите за ширење на вашиот бизнис се неограничени, особено доколку имате продавница на Пазар3.мк,  бидејќи Пазар3 Ви нуди можност бизнисот да го проширите, наместо исклучиво да се фокусирате само во Македонија!

Пазар3 има сајтови во соседните земји како Албанија (www.merrjep.al), Косово (www.merrjep.com), Србија (www.mojtrg.rs)  и Црна Гора (www.mojtrg.me),  a преку нив, Вие би можеле да навлезете во нови и далеку поголеми пазари од нашите - сосема бесплатно!

Како и што веќе самите знаете, откривањето на нови можности, и проширувањето на работниот обем на поголеми пазари значи и поголем раст на секој сопственик на бизнис, бидејќи профитот станува поголем а со тоа се зголемува и бројот на заинтересирани / потенцијални потрошувачи.

Ви звучи примамливо, но сметате дека ова е сеуште недостижно? Отворете продавница на Пазар3 и уверете се во резултатите кои ќе Ви ги донесе вашиот бизнис!

7. Вршете карго достава

Зголемете го пазарот каде што ги нудите вашите производи. Со карго доставата немате ограничување во однос на тоа кој се може да биде ваш потенцијален клиент.

Доставата преку карго е одлична опција за секој сопственик на продавница или бизнис кој што сака навремено да ги достави своите производи до финалниот потрошувач, а со тоа и да го зголеми задоволството кај клиентите.

Во поглед на економичноста, далеку е поисплатливо да одберете опција карго за транспорт на производите наместо да ангажирате сопствено возило кое што ќе треба да патува во различен град и да врши достава на поголема количина на производи, со цел да ја задоволите побарувачката од страна на клиентите.

8. Искористете ги можностите кои ги нудат социјалните мрежи

Наспроти предностите кои ги нуди Пазар3 за оние кои отвораат продавница,  на располагање ќе Ви стои и тимот кој што е специјализиран и во областа на социјалните мрежи.

Пазар3 нуди опција за истакнување на вашите производи или услуги и преку социјалните мрежи, со тоа што секоја продавница и бизнис чиј што сопственик е заинтересиран за подобрување на работата, може да ја зајакне популарноста на својот бренд и да ја зголеми продажбата неколкукратно повеќе!

Ова особено ќе Ви оди во прилог доколку не сте запознаени со тоа како функционира продажбата преку социјалните мрежи, и немате време постојано да ја следите динамиката и постојаната промена на трендовите кои што ги налага модерната онлајн продажба.

Комбинацијата на она што го нудат социјалните мрежи и стручноста на тимот на Пазар3 е клучот за да постигнете одлични резултати, без разлика дали веќе опстојувате на пазарот неколку години или пак сте сосема ново формирано претпријатие.

9. Одржувајте го Вашиот мини вебсајт согласно актуелностите

Пазар3 Ве советува да следите што се случува во вашата индустрија, какви активности прават вашите конкуренти и да реагирате соодветно, бидејќи овој начин на работење позитивно ќе влијае врз вашиот бизнис, а воедно, и ќе ви помогне да останете конкурентни на пазарот.

Постојат најразлични методи кои би можеле да ги искористите за да ја постигнете оваа цел, па така, на пример, за време на пролетните акции променете ја почетната слика и истакнете ги оние производи кои би биле соодветни за овој период. 

Потоа, комбинирајте повеќе производи во едно и продадете ги по поголема цена, и се разбира, креирајте богата понуда на производи за време на пролетните акции, пред велигденските празници, новогодишните празници, или пак за познатиот Black Friday кој што нуди одлична заработувачка за огромен број на бизниси.

Дополнително, доколку имате одредена актуелна понуда, или производ кој сакате да го истакнете пред останатите ве советуваме да ги погледнете и останатите можности кои ги нуди Пазар3, а тоа се екстра опциите за полесна и побрза продажба. Повеќе информации околу тоа како функционираат екстра опциите можете да погледнете тука.

За крај, Ве охрабруваме да го направите вистинскиот чекор а тоа е отворање на онлајн продавница на Пазар3, бидејќи она кое што ќе го добиете за возврат е брза трансформација од мал бизнис во големо успешно претпријатие со минимален влог!

 

* Промотивен текст

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

  • filter

Секси петок

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе