Како да ја подготвите највкусната француска салата?

Француската салата е неизбежен дел од празничната трпеза и традиционално се подготвува низ целиот Балкан, вклучувајќи ја и нашата земја.

Иако голем дел од состојките се прилагодени на желбите на семејството, оригиналниот рецепт е уникатен и добро познат на сите.

Го споделуваме со вас овој рецепт за највкусната француска салата што ќе ги воодушеви сите за празниците, а вие можете да направите и „пробна тура“ за да го усовршите рецептот.

Состојките се добро познати, но при подготовката треба да се обрне внимание на неколку трикови кои ќе помогнат салатата да не биде тешка и ќе ѝ дадат побогат вкус.

Состојки:

450 гр замрзната мешавина од грашок и моркови

300 гр компири

200 гр кисели краставички

сол

360 гр мајонез

¼ јаболко „грени смит“

2 лажици павлака

1 лажичка сенф

црн бибер

сол

Подготовка:

1. Ставете ја замрзнатата мешавина од зеленчук во зовриена солена вода и варете околу 10-15 минути додека не се сварат грашокот и морковот. Во исто време во друг сад со солена ладна вода ставете компири со лушпа да се варат додека не омекнат доволно. Важно е компирот да се вари цел во лушпата за да не се распадне.

2. Исцедете го и изладете го грашокот и морковот, а откако ќе се оладат компирите излупете ги и исечкајте го на еднакви парчиња. Потоа исечкајте го киселото јаболко за да ѝ дадете свежина на салатата и додадете го во садот со сечкан зеленчук.

3. Измешајте го мајонезот со сенфот, павлаката, сол и бибер и додадете ја оваа мешавина на зеленчукот.

4. Додадете и ситно сечканите кисели краставички измешајте сè заедно. Изладете ја салатата и послужете ја декорирана со магдонос.

Бонус совет: Сечете го зеленчукот на парчиња со големина на замрзнатиот зеленчук што е веќе исечкан, за да добиете рамномерна смеса и еднакви залаци од салатата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Read more
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе