Како да ја развиете читачката способност кај децата?

Многу родители се борат со тоа како да ги наведат децата што повеќе да читаат, а со тоа и да ја развијат читачката писменост, која се дефинира како способност за разбирање на пишани текстови за развивање лични цели, развој на сопственото знаење и личниот потенцијал.

На кои начини може да му помогнете на детето?

1. Бидете му пример

Ако детето не гледа пример во вас, како ќе го инспирирате да чита повеќе? Одете заедно во книжарница и бирајте кои книги сакате да ги имате во домашната библиотека, почесто нека ве гледа детето како читате книга. Можете и заедно да читате додека одморате, поезија на пример може да читате и на глас со вклучена музика по избор. Вие сте му најдобриот пример на детето дека е корисно да се дружи со книгите.

Со текот на времето неговата љубопитност ќе надвладее па ќе сака да види што вие читате  и со самото тоа ќе чувствува потреба за читање.

2. Поврзете го читањето со секојдневните активности

Пишувањето е исто така дел од читањето и писменоста, а за да ги споите двете активности, вклучете го детето во секојдневните активности. На пример, ако треба да набавите храна во продавница, диктирајте му го на детето списокот со намирници. Детето нека пишува, а потоа нека го прочита списокот.

Исто така, може да му дадете задача да напише писмо до баба, дедо или некое другарче во кое ќе напише како му изгледал денот, со кои играчки си игра дома и слично. Потоа писмото нека го прочита на глас.

3. Оставете и детето да бира книги

Секое ниво на образование носи наслови од лектири кои мора да се прочитаат. И без разлика колку наставниците се трудат да ги доближат книгите до децата, токму обврската дека мора да ги прочитаат им создава чувство на одбојност.

Настојувајте детето да не го поврзува читањето и книгите само со лектирите. Однесете го во библиотека или книжарница самото да одбере книга за која мисли дека е интересна.

4. Нека чита и друго, не само книги

Читачката писменост не се однесува само на читање книги или весници, туку и на електронски медиуми. Денешните деца минуваат многу време на интернет за разлика од претходните генерации. Сега кога ќе се земе во обѕир и онлајн наставата, затоа и треба да се најдат различни извори на читање.

Овој дел е поврзан за способноста на толкување и проверка на веродостојноста на изворите од кои се добиваат податоците. Затоа и треба да се развива критичкото мислење, со детето треба да разговарате за тоа и надвор од училиштето и медиумската култура.

5. Следете како чита детето и дали се мачи со нешто

Читањето се основа на неколку фактори, а на детето најмногу ќе му помогнете така што ќе забележите со кое подрачје има најмногу проблеми и ќе поработите на тие теми.

На пример, ако забележите дека детето без проблеми може да ја прочита приказната, но не разбира што се бара од домашната задача, најмногу ќе му помогнете ако се фокусирате на тоа.

Со мирен тон ќе му поставувате прашања, ќе го наведувате во текстот да ги пронајде речениците со кои ќе го поткрепи тоа што го кажува и нека се обиде со свои зборови да го прераскаже прочитаното. Со текот на времето ќе му оди полесно, но потребно е трпение.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Книги

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more

Објавена книгата Македонската книжевна жена од Ирина Тумбовска

Read more
 

Магазин

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе