Како да комуницирате со арогантни луѓе?

Арогантните луѓе делат неколку особини со нарцисите, вклучително и убедувањето дека се уникатни и дека само луѓе со висок статус можат да ги разберат, секогаш очекувајќи другите да им се восхитуваат.

Луѓето кои се спротивставуваат на арогантни луѓе често средината ги перципира како поединци со интегритет, како луѓе кои немаат намера да дозволат кој било да им се обраќа со непочитување.

Како може да комуницирате со арогантни луѓе?

На арогантните луѓе е потребно да им покажете дека другите луѓе не се сложуваат со нивните мислења и гледања на работите. Секако дека живееме во слободен свет и сите имаме право на мислење, но е неверојатно наивно и детски да мислите дека само вашето мислење или гледање на работите е правилно.

Кога арогантните луѓе ќе почнат да омаловажуваат некоја група луѓе, пробајте да ги предизвикате да ги оправдаат нивните ставови. Можете да им укажете дека некој ваш роднина е дел од омаловажуваната група. Одговорот ќе ги шокира бидејќи не им е поентата да омаловажат други туку индиректно да го кренат нивниот социјален статус. Ако се почувствуваат загрозено и среде конфликт, обично ќе се извинат и ќе продолжат да разговараат на други теми.

Кога станува збор за комуникацијата, арогантните луѓе го сакаат звукот на својот глас и способни се да држат долготрајни монолози, па понекогаш е потребно да го запрете монологот за да не „забегаат“ со муабетот. На истиот начин на кој арогантниот човек го презема главниот збор во разговорот, вие можете да го запрете тој разговор.

Арогантните луѓе имаат шесто сетило кои им помага да ги откријат вашите скриени болни точки и со прецизност да ги погодат. Можат, но и не мора да покажат емпатија, но дефинитивно го разбираат чувството на повреденост.

Ако сте им цел, треба да им дадете до знаење дека нивните коментари се болни и дека поради нив се чувствувате лошо. Ако се свесни дека со нивните забелешки предизвикуваат болка, постои шанса да го променат нивното однесување.

Со прашања од типот според што заклучи дека треба да го кажеш ова го предизвикувате арогантниот соговорник да ја објасни неговата изјава обоена со ароганција или се базира на стереотипи. Целта е да го принудите арогантниот човек да размисли што зборува пред да ги навреди луѓето.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе