Како да му помогнете на вашето дете да се носи со неуспех?

Животот е полн со разочарувања, па затоа е важно да го научите вашето дете како да се справи со неуспех. Психолозите издвојуваат неколку совети како да реагирате, како да му помогнете на детето, но и што не треба да му кажете во моментот кога ќе се разочара или изнервира.

Децата се разочаруваат за ситници, може да плачат зошто надвор врне дожд па не можат да излезат надвор или ако не им купите сладолед. Доколку сакате вашето дете да не се разочарува за неважни работи, треба да го научите уште додека е мало.

Доколку постојано го штитите од разочарувања, го спречувате вашето дете да развие важни животни вештини и да стекне искуство.

Секако, тоа не значи дека не треба да му пружите помош кога му е потребно. Доколку го научите дека може да побара помош, да комуницира со другите, да побара поддршка и да биде оптимист, ќе се справи со сите разочарувања со кои ќе се соочи во животот.

Постојат неколку начини како да му помогнете на вашето дете за да се справи со разочарувањата.

Малите проблеми водат до поголеми изливи на бес

Дали вашето дете плаче доколку сте го испиле неговиот омилен сок или ќе вреска доколку некое дете ја земе неговата играчка?

Научете го детето што може да промени, а што не може да промени во животот. Детето можеби не разбира дека проблемот е надвор од вашата контрола и дека со плачење нема да го добие она што го сака. Одговорете му: „Разбирам дека си вознемирен“, а потоа разговарајте за ефикасното решение. Кажете му на вашето дете дека наредниот пат ќе добие сок и научете го дека не може секогаш да ги добие сите работи за себе, мора да ги сподели и со неговите другарчиња.

Научете го детето да биде потолерантно

Иако научниците сметаат дека децата имаат поголема способност да се носат со проблемите, тие ја истакнуваат важноста на родителите во оваа приказна. Помогнете му на вашето дете да научи да продолжи понатаму и да биде потолерантно.

Искористете ги вашите искуства како лекција. Потсетете го вашето дете дека и самите сте се соочиле со многу проблеми во животот и посочете му на вашето дете дека секогаш има решение за сè, но и причина за учење и насмевки.

Што не треба да му кажете на вашето дете кога ќе се разочара?

Се подразбира дека секој родител мисли најдобро за своите деца. Меѓутоа кога плаче или кога има напад на паника, може да го повредите со вашите зборови.

Не треба да му кажете дека „се однесува како бебе“. Наместо ова, кажете му дека е нормално да се изнервира, но со текот на времето ќе научи како да се носи со разочарувањата.

„Тоа е глупост“

Вашето дете не е свесно со какви проблеми допрва ќе се соочи кога ќе порасне. Наместо тоа, кажете му – и јас сум поминала низ тоа во училиште, ќе најдеш решение за тој проблем.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Живот

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе