Како да направите домашно „ДУБАИ“ чоколадо?

„ДУБАИ“ чоколадото стана апсолутен хит.

Го освои интернетот, ги наполни продавниците, па затоа Coolinarika објави рецепт за да можете сами да го направите дома.

Состојки:

- 400 гр чоколадо

– 30 гр путер

– 150 гр кадаиф

– 200 гр крем од ф'стаци

Подготовка:

1. Во голема тава на средна температура растопете го путерот. Додадете го сечканиот кадаиф и потпечете го додека не порумени и не стане крцкав. Внимавајте да не изгори! Тргнете од оган и оставете да се излади.

2. Во сад погоден за микробранова печка или на пареа растопете го чоколадото додека не стане сјајно.

3. Во калап по ваш избор (најдобро силиконски) истурете тенок слој од растопено чоколадо и премачкајте ги страните на калапот. Ставете во фрижидер 10 минути да се стегне чоколадото.

4. Во еден сад измешајте го препечениот кадаиф со кремот од ф'стаци додека не добиете хомогена смеса.

5. Извадете го калапот за чоколадо од фрижидер. Наполнете го секое место од калапот со слој од смесата кадаиф и ф'стаци, оставајќи малку простор за завршниот слој чоколадо. Израмнете ја смесата со лажица.

6. Со преостанатото растопено чоколадо прелијте ја смесата за кадаиф, рамномерно распоредувајќи ја. Калапот вратете го во фрижидер и оставете да се стегне 30 минути до 1 час.

7. Внимателно извадете ги чоколадните парчиња од калапот. Чувајте ги во фрижидер до сервирање.

Pokorila internet, napunila dućane, zavladala adventima – a sada može postati i tvojih ruku djelo! 💚 Tu su sastojci:...

Posted by Coolinarika on Tuesday, December 3, 2024
реклама

Никол Шерзингер отпатува на Хаваи, позираше во бикини и покажа завидна фигура

Read more

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Read more

Од имиграција до пол: Што потпиша Доналд Трамп во првите часови од неговиот мандат

Read more

Трамп вети дека ќе ја заврши војната во Украина за 24 часа: Имам уште половина ден да го направам тоа

Read more

Рецепти

Спанаќ за само 10 минути

Read more

Класика за сите непца: Вкусен сатараш со тиквички и телешко

Read more

Гриз со банани: Омилено јадење на најмалите за лесен појадок или ужина

Read more

Пробајте рецепт за леб од тава со моцарела

Read more
 

Магазин

Спанаќ за само 10 минути

Читај повеќе

Очите се одличен показател за здравјето, можат да укажат на бројни болести

Читај повеќе

Пет работи што треба да ги направите за подобро ниво на шеќер во крвта

Читај повеќе

Работи што никогаш не треба да ѝ ги правите на вашата мачка

Читај повеќе
  • filter

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Читај повеќе
  • play_arrow

Замена на улоги

Читај повеќе
  • filter

Ќерката на Трамп на свечена вечера во фустан покриен со кристали

Читај повеќе

Денеска е најдепресивниот ден во годината: Зошто е избран третиот понеделник во јануари?

Читај повеќе

Што треба да имате во спалната соба според вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе