Како да не се од оваа планета – Alfa Romeo ѕверки вредни 20 милиони долари

RM Sotheby’s продава на аукција три легендарни концепти на Alfa Romeo Berlin Aerodynamics Tecnica од 50-тите години на минатиот век.

Покрај бројните сериски модели Alfa Romeo во својата историја има голем број спектакуларни концепт возила.

Меѓу нив, се издвојуваат три концепти Alfa Romeo Berlin Aerodynamics Tecnica, кои италијанскиот производител ги претстави на Автосалонот во Торино во 1953, 1954 и 1955 година.

Тоа беше период кога дизајнерите го форсираа футуристичкиот „вселенски“ дизајн, а овие три автомобили се истакнати примери за истото.

Концепти познати како B.A.T. 5, B.A.T. 7 и B.A.T. 9d ги обликуваше познатиот дизајнер Франко Скаљоне, кој е заслужен за изгледот на многу легендарни Alfa возила, вклучувајќи го и суперспортскиот Alfa Romeo 33 Stradale од 1967 година.

Каросериите на сите три концепти ги изработи Bertone, компанијата на Нучо Бертоне, каде Скаљоне беше директор за дизајн, а заедничко за сите нив е исклучителната аеродинамика.

Првиот концепт, B.A.T. 5, офарбан во темносива нијанса, дебитираше во Торино во мај 1953 година. На саемот, тој ги воодушеви посетителите со дизајнот што никој друг автомобил го немаше во тоа време.

B.A.T. 5 се базираше на механиката на моделот Alfa Romeo 1900, исто како и другиот концепт - синиот B.A.T. 7 од 1954 година.

B.A.T. 7 претставува понатамошна разработка на идејата за супераеродинамично возило, со коефициент на отпорност на воздухот од само 0,19.

Третиот автомобил во оваа серија е светлосивиот B.A.T. 9d, кој исто така ја имаше својата премиера во Торино, во 1955 година.

Алфа Ромео сакаше B.A.T. 9d да биде попрактичен, па има нешто поконвенционален дизајн и помали задни странични „крилца“, додека предниот дел на возилото го краси класична Alfa маска.

Трите легендарни концепти се целосно обновени и ќе бидат понудени на аукција што RM Sotheby’s ја организира денеска.

Се проценува дека сите три автомобили заедно можат да достигнат цена до 20 милиони долари.

Remote video URL
Тагови
реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе