Како да носите гумени чизми со стил?
На почетокот на октомври кога започнува сезоната на дождови, се потсетуваме дека ни треба пар квалитетни чизми за на дожд.
Гумените чизми за дожд се популарни и практични дури и по неколку сезони на носење. Гумените чизми денес се произведуваат во интересни модели, бои и дизајни, и ако ги комбинирате на вистински начин, целокупниот стајлинг може да изгледа интересно и шик.
Се разбира, вие ги избирате моделите и боите по ваш вкус. Дефинитивно препорачуваме неутрални бои, доколку сте љубители на покласичен изглед, а ако сакате да бидете забележани, одлучете се за оние со светли бои или леопард дезен.
Есенските фустани или здолништа изработени од малку подебели и потешки материјали изгледаат одлично во комбинација со гумени чизми за дожд, а секако ќе ја ублажат сериозноста на поформалната комбинација и ќе дадат полежерна нота на секоја облека.