Како да откриете дека телефонот ви е хакиран?

Дали некогаш сте се прашале како можете да знаете дали вашиот телефон е хакиран?

Бавното работење на уредот обично е првиот показател дека некој незабележано пристапил до него. Други знаци се ако батеријата се троши премногу брзо и апликациите не работат правилно, или ако забележите апликација за која сте сигурни дека не сте ја инсталирале самите.

Ова се најчестите симптоми кои укажуваат дека телефонот можеби е хакиран, а нападите најчесто се вршат преку скриена инсталација на малициозен софтвер.

Таквиот софтвер стигнува до паметниот телефон преку интернет или преку кабелска врска со друг компјутер. На пример, ова може да се случи кога ќе го однесете телефонот во нерегистриран сервисен центар за поправка.

Хакерите се обидуваат да навлезат во мобилниот телефон со помош на програми кои не бараат работа на уредот и полнење на батеријата.

На почетокот, телефонот може да не покажува знаци на хакирање, а единствениот показател ќе бидат известувањата во апликациите и социјалните мрежи.

Но подоцна самиот телефон ќе почне да дава сигнали дека е хакиран. Порано или подоцна, ќе започнат прекини во неговата работа и нешто ќе тргне наопаку.

За да се заштитите, производителите препорачуваат да инсталирате апликации преземени само од безбедни извори и да избегнувате поврзување со непознати компјутери.

Ако се сомневате дека вашиот паметен телефон веќе е хакиран, експертите советуваат да се јавите во службата за корисници на производителот или продавачот на уредот. Ќе ви објаснат каде можете да го дијагностицирате вашиот телефон и да се ослободите од сомнежот дека сте хакирани.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе