Како да победите мамурлак од пијанство со вино?

Велат дека виното е дар од боговите. Но, премногу од овој подарок и утредента ќе колнете по сите богови. Ова се осум чекори кои можат да ви помогнат да го победите мамурлакот од вашата винска авантура.

1. Разбудете се порано
Можеби звучи контрапродуктивно, но будењето рано е есенцијално за брзо опоравување. Будноста го забрзува метаболизмот, а тоа помага да се забрза процесот на опоравување. Доколку станете рано, можете потоа да уживате во поладневна дремка. Станете порано и направете ги следниве чекори:

2. Вода, вода, вода и уште вода
Најважното нешто што може да го направите е да пиете вода. Најпрво испијте две чаши вода. Можете и да се напиете апче за глава, доколку имате главоболка, а веројатно ќе ја имате. Но, не земајте повеќе од една. И продолжете со вода во текот на денот, таа е клучна за хидрацијата на организмот.

3. Излете на кратко трчање (или подолга прошетка)
Убедете се да истрчате 10-15 минути. Доколку не сте баш физички активни, тогаш направете пешачење од половина час. За да го раздвижите крвотокот и да ги исфрлите токсините преку потење.

4. Истуширајте се
Влезете во купатилото, но изгаснете ги светлата, или доколку е ден пробајте колку може повеќе да затемните. Немојте да се туширате со топла вода, пробајте колку што е можно поладна, нормално, да не до таков степен за да ви студи. Туширањето нема да ве хидрира, но ќе ве разбуди подобро од било што. Не користете премногу миризливи шампони или сапуни.

5. Избегнувајте алкохол и мрсна храна
Појадувајте житарки или протеински коктел,  а за ручек салата и супа. Обидете се да не внесувате мрсна храна бидејќи ќе ви го умори веќе истоштениот организам. Вашиот пијан мозок ќе ви вели дека ви се потребни палачинки, чипсови, некој бургер, но верувајте, после толку вино токму тоа не ви треба. На алкохол не ни помислувајте, доволно ви беше.

6. Опуштете се со смирувачка музика
Докажано е дека музиката опушта и го намалува стресот. На вашиот организам сега токму тоа и му треба. Составете листа од песни кои ве смируваат, но не пуштајте многу гласно. Пожено е да слушате со слушалки бидејќи на тој начин нема константно нешто да ви го одвлекува вниманието и мозокот ќе го насочите исклучиво кон смирувачките ноти.

7. Дремнете половина час
Во одредено време од денот ќе се почувствувате премногу уморни. Не се форсирајте, дозволете си една дремка. Напијте се чаша вода и легнете му ја. Но, не се заборавајте, доволно е максимум половина час.

8. Ветете си дека отсега ќе пиете умерено
Вистинските љубители на вино не се алкохоличари. Тие пијат често, но уживаат во вкусот на виното пиејќи умерено. Најдете си ја границата па во иднина нема да имате вакви изгубени денови.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Здравје

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе