Како да препознаете дефицит на омега-3 масни киселини?

Омега-3 масните киселини се неопходни за правилен развој и функционирање на телото. Недостатокот на внес на омега-3 масните киселини предизвикува низа различни симптоми, најчесто когнитивни потешкотии и хронично воспаление во телото.

Иако некои симптоми на недостаток на омега-3 не се видливи - како што се хронично воспаление и проблеми со срцето - телото има начини да сигнализира дека му недостасуваат овие есенцијални масни киселини.

Доколку забележите некои од овие симптоми, пред да започнете со суплементација или да ја промените исхраната, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

Сува, иритирана кожа

Сувата кожа може да биде ран предупредувачки знак дека на вашето тело му недостасуваат омега-3 масни киселини.

Иако дехидрацијата е најчеста причина за сува кожа, таа редовно се поврзува со недостаток на омега-3 масни киселини. Имено, тие се одговорни за одржување на здрави клеточни мембрани, што ја вклучува и нивната способност да ја задржат влагата. Акните се поврзани и со недостаток на омега-3 масни киселини - се смета дека ова се должи на зголемување на воспалението.

Некои истражувања покажуваат дека дополнувањето со омега-3 масни киселини може да помогне при егзема и псоријаза, токму поради нивната способност да го намалат воспалението во телото.

Намален волумен на косата

Ако претходно здравата и сјајна коса стане сува, нема сјај, се превиткува, а врвовите почнуваат да се делат или косата почнува да се истенчува - тоа може да се симптоми на недостаток на омега-3 масни киселини. Истражувањата покажуваат намалено опаѓање на косата кај жените како резултат на суплементација.

Вкочанетост и болки во зглобовите

Бидејќи омега-3 масните киселини произведуваат антиинфламаторен одговор во телото, се верува дека болките и вкочанетоста во зглобовите, особено оние предизвикани од ревматоиден артритис, може да бидат знак за недостаток на омега-3 масни киселини.

Студиите потврдуваат дека правилната суплементација ги ублажува симптомите кај луѓето со ревматоиден артритис и болки во зглобовите поврзани со лупус.

Мозочна магла и губење на когнитивните функции

Тешкотиите со концентрацијата или меморијата може да укажуваат на недостаток на омега-3 масни киселини, а со него се поврзуваат и Алцхајмеровата болест и деменцијата.

Депресија

Истражувањата покажуваат дека ниските нивоа на омега-3 масни киселини се поврзани со депресија, како и со други психијатриски нарушувања како што се биполарно растројство, шизофренија и нарушување на вниманието и хиперактивност (АДХД).

Суви очи

Синдромот на суво око, инаку една од најчестите очни болести, е поврзан со недостаток на омега-3 масни киселини.

Замор

Заморот е вообичаен знак за недостаток на омега-3, а истражувањето за ефектите од суплементацијата на омега-3 врз лупусот (кој се карактеризира со болки во зглобовите и замор) покажа дека омега-3 масните киселини можат да помогнат во ублажувањето на двата симптома.

Тагови
реклама

Здравје

Три симптоми на рак на панкреасот што често се занемаруваат

Read more

Колку јајца може да изеде здрав човек во еден ден?

Read more

Не ги игнорирајте: 8 знаци дека треба да посетите гастроентеролог

Read more

Сигнали од телото што може да значат дека недостасува витамин Д

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Три симптоми на рак на панкреасот што често се занемаруваат

Читај повеќе

Искористете ги велигденските јајца, додадете грашок и направете салата

Читај повеќе

Тајниот син на Владимир Путин прв пат виден во јавност

Читај повеќе

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Читај повеќе

Колку јајца може да изеде здрав човек во еден ден?

Читај повеќе

Ист Гејт Мол лансира мобилна апликација за лојалните посетители

Читај повеќе

Не ги игнорирајте: 8 знаци дека треба да посетите гастроентеролог

Читај повеќе

Трик кој помага кучињата без потешкотии да проголтаат апче

Читај повеќе

Кои се најчестите карактеристики на емоционално незрелите партнери?

Читај повеќе