Како да препознаете себичен љубовник?

Може да биде многу фрустрирачки ако сте во врска со партнер кој е концентриран само на своето задоволство... особено во кревет.

Како да го препознаете себичниот љубовник кој сака да бидат задоволени само неговите потреби и желби, а не мисли на вашето уживање?

Ја избрзува предиграта

Има повеќе причини зошто некој ја прескокнува предиграта, а да немаат врска со себичност. Можеби неговата претходна девојка не сакала предигра, па тој дошол до заклучок дека жените не го сакаат тоа. Можеби станува збор за страв дека ако предиграта долго трае, нема да „издржи“ до „главниот чин“.

Ако за вас предиграта е важен дел од целиот сексуален чин, кажете му го тоа на партнерот. Ако и покрај тоа, тој пак ја игнорира и брза кон сексот во кој тој е главниот играч, вашиот партнер е себичен љубовник.

Го занемарува вашето уживање

Ако партнерот ги исмева вашите сексуални фантазии, па дури и наједноставните желби во кревет – како галење после секс -  тоа е знак на себичност. Нема подобар доказ дека вашиот партнер не е заинтересиран за вашето задоволство од тоа дека го врти грбот и заспива веднаш откако ќе заврши сексот.

Се фали пред пријателите со вашиот секс

Сите сакаме да се пофалиме на најблиските кога сме среќни, па дури и да споделиме дека сме имале фантастичен секс, но кога тоа преминува во споделување пикантерии, тоа не само што е знак на невкус, исто така е показател за себичност – нему му е поважно да се покаже како „фраер“ пред пријателите отколку да ја заштити вашата интима, занемарувајќи ги вашите емоции.

Го користи вашиот оргазам како трофеј

Една работа е вашиот партнер да се интересира што ве доведува до сексуална кулминација и што треба да направи за да доживеете оргазам.

Сосема друго е да ве прашува како сте доживеале кулминација за да може со тоа да си го полни егото и да се чувствува како мачо. Повторно, поважни се неговото уживање и „успех“, а тоа е знак дека е себичен љубовник.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Љубов и секс

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Read more

Која е просечната неделна доза секс?

Read more

Како сексот може да ви помогне да напредувате на работното место?

Read more

Како да го разгорите сексуалниот живот откако ќе станете родители?

Read more
 

Магазин

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе