Како да спречите замрзнување на автомобилските стакла?

Се ближи зимата, а веќе имаме и ниски утрински температури. Ако имате проблеми со замрзнување на прозорците на автомобилот, постојат неколку едноставни решенија кои ќе ви помогнат лесно да ги одмрзнете.

Замрзнатите автомобилски стакла не се само пречка, туку можат да им донесат и казни на возачите. Експертите за автомобили имаат неверојатни трикови со цел да го спречат замрзнувањето на автомобилските стакла и тоа користејќи намирница што секојдневно ја употребуваме во кујната.

Станува збор за кромидот. Според експертите, кромидот може да спречи формирање мраз на прозорците. Едноставно исечете го кромидот на половина и со него тријте ги прозорците, навечер пред возење.

Ако немате кромид, замена може да биде и компирот, кој делува на ист начин. Истиот ефект го има и оцетот измешан со вода.

Оцетот често се користи како средство за одмрзнување бидејќи неговата точка на замрзнување е многу пониска од водата, што значи дека водата нема можност да се таложи и да замрзне доколку користите оцет.

Измешајте оцет со вода во сооднос од 3:1 и ставете го растворот во шише со распрскувач и испрскајте ги замрзнатите прозорци за побрзо одмрзнување. Може да се обидете и со следната мешавина од 600 мл медицински алкохол со 200 мл вода и малку детергент за миење садови. Мразот многу брзо ќе се стопи откако ќе ги испрскате прозорците со овој раствор.

Можеби звучи очигледно, но автомобилското стакло никако не смеете да го полевате со врела зовриена вода. Така може да дојде до пукање на прозорците, советуваат експертите.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Авто новости

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе