Како да сте таму: Роверот на НАСА го сними звукот на Марс

Сега имате можност да слушнете како звучи планетата Марс и тоа како да стоите на нејзината површина, небаре сте таму на лице место.

Двата микрофона на роверот на НАСА додадоа нова димензија на начинот на кој научниците и инженерите ја истражуваат Црвената планета. Еден микрофон се наоѓа на страна, на шасијата на роверот, а другиот на јарболот и служи како додаток на истражувањето на карпите.

Благодарение на микрофоните на роверот Perseverance, снимени се скоро пет часа материјал на кој има звуци од дување ветер на Марс, тркалата на роверот како крцкаат по површината и моторите што се вртат додека роверот ја движи роботската рака. Овие звуци им овозможуваат на научниците и инженерите да го искусат Марс на нови начини, но сите останати се поканети да слушнат.

Звукот од Црвената планрета е многу поразличен од оној на Земјата. Не само поради различната атмосфера, поради која звукот таму и полесно и побрзо патува, туку и поради тоа што нема жив свет кој призведува звуци, ниту пак техлоногија која вреви.

„Како да навистина стоите таму“, вели Баптист Шид, научник кој ги проучува снимените звучни податоци во Истражувачкиот институт за астрофизика и планетологија во Франција. „Звуците на Марс имаат силни бас вибрации, така што кога ќе ставите слушалки, навистина можете да го почувствувате тоа. Мислам дека микрофоните ќе станат многу важни за идните истражувања на Марс и Сончевиот Систем“.

Remote video URL
реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе