Како дел од меѓународната програма за поддршка, NIVEA обезбедува донации на националните организации во Македонија

Компанијата Beiersdorf, која стои позади брендот NIVEA, донираше 5.000 евра, во рамките на својата меѓународна програма за поддршка на колективната борба на општеството против ширење и влијание на COVID-19, на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Северна Македонија.

Програмата за директна поддршка е во согласност со новиот концепт на компанијата „Care Beyond Skin“, и ја покажува одлучноста на Beiersdorf да оди пошироко од својата основна дејност – негата на кожа - и да даде максимален придонес за општеството и планетата.

Бранко Котарац, генерален директор: „Пандемијата на вирусот COVID-19 во многу краток временски период стана закана по здравјето и речиси го замрзна социјалниот живот, што досега беше незамисливо. Со овие донации, Beiersdorf сака да обезбеди поддршка на националните организации кои им помагаат на сите луѓе на кои им е потребна помош во овие тешки времиња, како што е и Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки.”

Голем број здравствени работници, вклучително и многу медицински сестри, техничари и акушерки, се на првите редови на борбата против COVID-19. Од таа причина, Beiersdorf сака да им помогне да ја добијат потребната медицинска опрема - заштитни костуми, очила, маски и антисептици.

Меѓународна програма за поддршка на Beiersdorf.

Кон крајот на март, Beiersdorf AG ја објави својата меѓународна програма за поддршка: Групацијата има намера да додели грантови од 50 милиони евра за да помогне во управувањето со кризни ситуации, особено во епицентри на болести, како и за региони со неразвиени здравствени системи и лоша инфраструктура. Beiersdorf ќе соработува со меѓународни организации и локални власти за да обезбеди максимална поддршка на лицата кои имаат потреба од тоа.

Непосредните мерки вклучуваат низа преземени активности, како што е меѓународна донација од 1.000.000 литри средства за дезинфекција. Во меѓувреме, Beiersdorf во своите фабрики на пет континенти произведува средства за дезинфекција. Донации од најмалку 5.000.000 NIVEA производи за нега на кожата и рацете се дистрибуирани на медицинскиот персонал ширум светот, чија кожа во моментов е особено изложена на различни влијанија. Мерките за итни случаи вклучуваат директна финансиска поддршка на невладини организации, како меѓународни, така и локални партнери на групата Beiersdorf, кои во моментов се соочуваат со големи предизвици.

Beiersdorf, исто така, ги поддржува личните донации на своите вработени во меѓународните хуманитарни организации ширум светот со тоа што ги удвојува.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе