Кога неговото лице првпат се појави на амбалажата за популарните Kinder чоколади, многумина шпекулираа дека се работи за компјутерски цртеж поради совршената симетрија на неговото лице.
Но, тоа беше деветгодишниот Џош Бејтсон од Велика Британија.
Џош е роден на 31 јануари, 1994 година и кога бил ангажиран за рекламата работел како дете модел.
Денес има над 136.000 следбеници на Instagram кои будно ги следат неговите објави. Има и зошто: убавото детенце израсна во уште поубав млад маж кој освојува срца ширум светот.
Сега е Instagram ѕвезда – речиси секојдневно објавува фотографии и видеа од неговиот секојдневен живот и уште работи како модел. Според британските таблоиди, Џош е сингл, а досега имал една долга врска.