Реал Мадрид ја освои 34. шампионска титула во Шпанија, победувајќи го тимот на Виљареал со 2 : 1. Токму затоа на стадионот Алфредо ди Стефано следеше голема прослава.
Главен беше капитенот Серхио Рамос кој победнички го крена пехарот, а потоа иницираше тренерот Зинедин Зидан да го „фрлаат“ во воздух.
Фудбалерите се шегуваа и смееја, а само еден човек стоеше на страна како да не беше дел од успехот.
Гарет Бејл се издвои од групата која ја славеше шампионската титула. Заедно со Хамес Родригес, кој е исто така еден од најплатените фудбалери во тимот, одлучи да стои на страна, што за многумина е навистина чудно.
Ова се дел од вчерашните сцени на теренот: