Како Германија гледа на работниците од Балканот?

Германскиот медиум Tageszeitung (TAZ) објави дека таканареченото „правило за Западен Балкан“, кое дозволува работници од неколку балкански земји да доаѓаат во Германија, може значително да се ограничи под новата влада.

„На Германија ѝ требаат работници - најмалку 400.000 годишно, велат експертите. Една од можностите овие луѓе да дојдат во Германија е таканареченото ‘правило за Западен Балкан’. Меѓутоа, под новата влада на чело со Фридрих Мерц, тоа правило би можело значително да се ограничи“, велат тие.

Медиумите дополнително објаснуваат дека оваа посебна регулатива им овозможува на луѓето од Албанија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија и Србија без проблем да доаѓаат во Германија на работа. Како што пишува TAZ, за ова не им треба стручно образование или квалификација - доволно е да имаат понуда за работа и одобрение од Федералната агенција за труд и вработување.

Правилото беше воведено во 2015 година за да се намали бројот на често безнадежни барања за азил од овие земји, овозможувајќи им на луѓето редовен пристап до пазарот на трудот.

Оттогаш, според TAZ, значително е намален бројот на барања за азил од земјите од Западен Балкан. Мигрантите од овој дел на Европа често работат во медицинскиот и градежниот сектор, рестораните и хотелите. Во 2024 година, „семафор“ владата на Олаф Шолц (СПД, Зелените и Либералите) не само што го продолжи правилото за Западен Балкан, туку и ја зголеми квотата за доделување работни визи од 25.000 на 50.000 годишно.

Ни збор за регулативата за Западен Балкан

Новата влада речиси сигурно ќе ја предводи Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Фридрих Мерц, додека во моментов се водат коалициски преговори меѓу ЦДУ, баварската ЦСУ и СПД, пренесува Deutsche Welle.

Но, на изненадување на сите, во документот на работната група за труд и социјални прашања не се најде ниту еден збор за регулативата за Западен Балкан“, пишува TAZ.

„Претходен преговарачки документ укажа на намерата преку ова правило повторно да се ‘ограничи’ имиграцијата на првичните 25.000 лица годишно“. ЦДУ не ги коментираше тековните преговори, додека немаше одговор од СПД нема одговор до затворањето на ова издание на TAZ.

Економскиот експерт Херберт Брикер од Институтот за истражување на пазарот на труд и занимања (IAB), кој ги оценуваше ефектите од доаѓањето на работната сила од Западен Балкан, смета дека укинувањето на ова правило не би било добра идеја бидејќи тие „многу добро се снаоѓаат на пазарот на труд“.

Подобри резултати од која било друга група имигранти - и многу домашни работници

Три до четири години по пристигнувањето во Германија, околу 95% од нив остануваат вработени, што е поврзано со фактот дека дозволата за престој е поврзана со статусот на вработување.

„Во однос на стапката на вработеност, тие постигнуваат подобри резултати од која било друга група имигранти на пазарот на трудот. Всушност, тие се многу поуспешни од многу домашни работници“, го цитира TAZ економистот Брикер.

Мигрантите речиси и не користат социјална помош, а „нивото на квалификации е повисоко од очекуваното“. Иако „правилото за Западен Балкан“ не бара квалификации, повеќето имигранти извршуваат квалификувани работи.

„Тука имаме редовни работни односи, што е добро за економијата, компаниите и даночните приходи“, истакнува Брикер.

Германија губи 400.000 работници секоја година поради демографските промени.

„Доколку дополнително ги намалиме каналите кои добро функционираат, ќе имаме сериозен проблем“, додава Брикер, пренесува DW.

„Треба повеќе да зборуваме за способностите на овие луѓе“

Политикологот Холгер Колб од Советодавниот совет за интеграција и миграција објасни дека работната сила од Западен Балкан имала значително помалку можности да дојде во Германија кога е воведена регулативата отколку што има денес.

„Во меѓувреме е олеснет пристапот до германскиот пазар на труд, денес има подобри законски рамки за имиграција на трудот“, објаснува Колб и го наведува примерот на „партнерската програма за признавање на квалификациите“.

„Програмата им овозможува на луѓето да дојдат во Германија да работат во одредена професија додека се обидуваат да добијат признание на нивните сертификати и дипломи. По признавањето на квалификациите, едно лице станува квалификуван работник и може да добие дозвола за постојан престој по само три години наместо пет. Обединувањето на семејството за квалификувани работници исто така е олеснето“, посочува Колб.

За разлика од Брикер, Колб поддржува намалување на квотите за Западен Балкан бидејќи смета дека прашањето за потеклото не треба да биде важно во миграцијата на работна сила.

„Треба повеќе да зборуваме за способностите на овие луѓе“, рече Колб. „Правилото на Западен Балкан е спротивно на оваа основна идеја.“

реклама

Украина се одмазди за бруталниот руски напад врз Киев

Read more

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Read more

Мбапе удри по тренерот: Ми рече дека сум четврти напаѓач; Арбелоа: Не е вистина

Read more

Пилот изврши итно слетување во Атлантикот, сите се спасени

Read more

Свет

Аеродром во Флорида ќе го носи името на Трамп од 9 јули

Read more

Украина се одмазди за бруталниот руски напад врз Киев

Read more

Пилот изврши итно слетување во Атлантикот, сите се спасени

Read more

Русите убија 24 лица во ужасен напад врз Киев: Кличко прогласи ден на жалост

Read more
 

Вести

ЗНАМ: Венко Филипче е политички мегафон на Софија во Скопје

Читај повеќе

Откривање портрет и изложба на фотографии во чест на Борис Трајковски

Читај повеќе

Општина Ѓорче Петров почна пилот-проект за селекција на отпад

Читај повеќе

Комисија за заразни болести: Низок е ризикот од појава и ширење на хантавирус во државата

Читај повеќе

Уапсен возачот кој вчера во Скопје удри во 13-годишен велосипедист

Читај повеќе

Владата донесе одлука за отворање на македонска амбасада во Литванија

Читај повеќе

Аеродром во Флорида ќе го носи името на Трамп од 9 јули

Читај повеќе
  • play_arrow

Украина се одмазди за бруталниот руски напад врз Киев

Читај повеќе

Промоција на монографијата Историја на Галичник од Дамјан Бужаровски

Читај повеќе