Како Германија планира да спроведе гранични контроли?

Од следната недела ќе бидат воведени контроли на сите германски граници, а ќе има и „одбивање на влез во земјата во согласност со европското право“.

Полицијата и експертите за гранична контрола ги критикуваат најавите од Берлин.

Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, донесе одлука привремено да ги прошири контролите на сите германски национални граници. Причините за тоа се ограничување на нерегуларната миграција, но и заштита на внатрешната безбедност од актуелните закани на исламистичкиот тероризам и прекуграничниот криминал, објаснува Фезер.

Дополнителните контроли се планира да започнат на 16 септември, а првично ќе траат шест месеци. Тоа значи дека „целиот пакет стационарни и мобилни мерки на граничната полиција ќе биде воспоставен на сите граници, вклучително и можноста за одбивање влез во согласност со европското и националното право“, се вели во соопштението на германското Министерство. Воедно, како што се додава, вознемирувањето на оние кои одат на работа во малиот граничен сообраќај преку граница треба да биде што помало.

Во средината на октомври минатата година, министерот воведе стационарни контроли на границите со Полска, Чешка и Швајцарија. Вакви контроли на германско-австриската копнена граница има од септември 2015. Сега – како што беше воведено за време на Европското фудбалско првенство – ќе има контроли на границите со Франција, Луксембург, Холандија, Белгија и Данска, пишува DW.

Контролата на внатрешните граници во Шенген зоната може да се воведе само во исклучителни случаи, а тоа мора да се пријави до Европската комисија.

Австрија не сака да ги прифати одбиените

Покрај граничните контроли, министерот Фезер најави и проширување на правилата за одбивање мигранти на германските граници - без да даде детали. Германската влада, по минатонеделната средба со претставници на опозициските демохристијани (CDU/CSU), како и со претставници на покраините, „развила модел за ефективно одбивање во согласност со европските закони“, соопшти Министерството, додавајќи дека овој модел „го надминува“ она што е направено досега.

Одбивањето за влез на германските граници е можно само кога контролите се директно на границата. Според МВР, од октомври 2023 година при проверките биле откриени околу 52.000 неовластени влезови во Германија, а одбиени се 30.000 лица. Одбивањето во моментов е можно само во одредени случаи: ако некому му е забранет влез во земјата или не поднел барање за азил.

Австрија веќе најави дека не сака да прифати ниту еден мигрант што Германија ќе го одбие. „Австрија нема да прифати луѓе на кои им е одбиен влез во Германија“, изјави министерот за внатрешни работи Герхард Карнер за германските медиуми. „Нема да има исклучоци. Тоа е законот.“ Затоа тој му наложи на шефот на австриската федерална полиција да не врши никакви преземања.

Полицијата смета дека тоа тешко се спроведува во пракса

Претставниците на полицијата и експертите во голема мера ги критикуваат новите одлуки на Министерството. Полицискиот синдикат (GdP) исто така ги критикуваше претходно воведените гранични контроли.

„Дополнителното распоредување на персонал е превисока цена за тоа што го постигнуваме“, рече претседателот на GdP, Андреас Роскоф, додавајќи дека зголеменото распоредување на границата и прераспоредувањето на персоналот може да ги направат другите локации помалку безбедни.

Истовремено, како што појасни, секој што сака илегално да влезе во земјава или да криумчари луѓе сега ќе знае каде се спроведуваат зголемените контроли. Мерките се премногу ригидни и нефлексибилни, рече претседателот на полицискиот синдикат.

Синдикатот начелно ја поздравува одлуката за одбивање на барателите на азил на границите, но смета дека таа треба да се регулира така што полицајците „потоа да немаат правни проблеми“. Според синдикатот, Федералната полиција, која е одговорна за граничните контроли, веќе е ангажирана до крај.

Експерти: Стационарни контроли се лошо решение

Критики доаѓаат и од Експертскиот совет за интеграција и миграција (SVR), тело кое ја советува германската влада за овие прашања. SVR е против постојаните стационарни контроли во Шенген зоната, а нивните аргументи се слични на оние што ги презентира полицискиот синдикат. Шверцерите на луѓе брзо се прилагодуваат на ова, а тоа предизвикува и високи економски трошоци кога има застој на границите“, се вели во соопштението на Стручниот совет, пишува DW.

„Во суштина, потребно е европско решение доколку сакате подобра контрола и ограничување на миграцијата на бегалците. И повеќе соработка со земјите на потекло и транзит“, рече претседателот на SVR Ханс Ворлендер.

„Не помагаат повиците за дополнителни измени и заострување на законот, ако всушност проблемот е како сето тоа да се спроведе.“

Тагови
реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Барса вечер прв пат во историја ќе истрча со 11 играчи од Ла Масија

Read more

Свет

Осум часа агонија во Киев, Русите лансираа дури 273 дронови, има и жртви

Read more

Докази кои Белата куќа не сакаше да ги објави за Бајден, испливаа снимки од сослушувањето

Read more

Трамп пресече: Понеделник ќе биде Денот Д

Read more

SWISS откажува 1.400 летови поради недостиг на пилоти

Read more
 

Вести

Осум часа агонија во Киев, Русите лансираа дури 273 дронови, има и жртви

Читај повеќе

Два земјотреса утринава ги разбудија охриѓани и стружани, епицентарот во Пештани

Читај повеќе
  • play_arrow

Докази кои Белата куќа не сакаше да ги објави за Бајден, испливаа снимки од сослушувањето

Читај повеќе

МЕПСО: Прекинот на струја е поради европски проблем со висок напон, системот е стабилизиран

Читај повеќе

Азир Алиу му сврте грб на Таравари, ексминистерот останува со ВЛЕН

Читај повеќе

Трамп пресече: Понеделник ќе биде Денот Д

Читај повеќе

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Читај повеќе

Наутро минус, а попладне пролет

Читај повеќе

Прв до врв ќе затвори улици во Скопје, спортисти и рекреативци ќе итаат кон Водно

Читај повеќе