КОПА ИТАЛИЈА 2021/22

Како Ибра: Голот на сезоната во Италија го постигна дефанзивец резерва

Интер синоќа се намачи со Емполи, но тука беше одбранбениот играч Андреа Ранокија кој во стил на Златан Ибрахимовиќ со акробација постигна ретко виден гол.

Симоне Инѕаги настапи со комбиниран состав давајќи им шанса на фудбалерите со мала минутажа, а меѓу првите единаесет се најде и поранешниот капитен Андреа Ранокија кој и сега ја доби честа да ја носи лентата. За централниот дефанзивец, кој во февруари ќе полни 34 години, синоќешниот натпревар беше само шести сезонава.

„Нераѕурите“ поведоа со голот на Алексис Санчес во 13. минута, но Емполи во вториот дел направи пресврт со головите на Недим Бајрами во 61. и несреќниот автогол на голманот Андреа Раду во 76. минута.

Интер беше на прагот на изненадувачка елиминација уште во осминафиналето, која во судиското надополнување Ранокија по една спуштена топка од Един Џеко со акробатски шут, налик на мајсториите на Ибра, ја закова топката во мрежата на гостите и го прати натпреварот во продолженија.

URL

Ранокија од порано е познат како дефанзивец кој знае да се снајде и во нападот, но обично головите ги постигнувал со глава. Синоќешниот му е 22 гол во кариерата во сите официјални натпреварувања, вклучувајќи и 13 во Серија А и 2 во премиер лигата (кога како позајмен играше во Хал).

URL

Во 104. минута од првото продолженија Стефано Сенси постигна гол за 3:2 и победа на тимот од Милано. Во четвртфиналето Интер ќе игра со победникот од вечерашниот дуел на Рома и Лече.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе