Парагвајката Лариса Рикелме беше најголема ѕвезда на трибините по СП во Јужноафриканската Република во 2010 година, а 12 години подоцна, таа и понатаму е популарна.
Рикелме беше магнет за погледи и камерите често можеа да ја видат во кадар во текот на натпреварите на Мундијалот, особено кога играше репрезентацијата на Парагвај.
Дванаесет години подоцна и понатаму е популарна, на Instagram ја следат над 1.8 милиони обожаватели, кои често ги радува со провокативни фотографии.
Триесет и седумгодишната Лариса денес е професионален модел, уметница и радио-телевизиски водител.
Нема да ја гледа својата репрезентација на Мундијалот бидејќи Парагвај не е меѓу патниците во Катар.