Како изгледа најевтиниот електричен автомобил во Европа?

Малиот градски електричен автомобил Dartz FreZe Nikrob ќе чини од 9.999 евра.

Електричните возила сè уште се значително поскапи од моделите со конвенционални мотори, но во класата мали градски автомобили може да се најде по некој пристапен модел.

Ваквите возила не се невообичаени во Кина, а неодамна пристигнаа и на европскиот пазар.

Меѓу нив е и Dartz FreZe Nikrob, за кого се вели дека ќе биде еден од најевтините електрични автомобили во Европа кога ќе пристигне во продажните салони.

Производителот тврди дека овој мал модел може да превезува четворица патници, а автономијата во возењето со полна батерија е до 200 километри. Другите технички детали сè уште не се објавени.

Цената на автомобилот на европскиот пазар ќе започне од 9.999 евра, што е, да речеме, двојно помалку од цената на електричниот Smart EQ ForTwo.

На фотографиите се гледа автомобилот во пред-производство, делумно „камуфлиран“ со фолија, а на клиентите ќе им бидат понудени неколку опции, вклучително и една без задни седишта, но со поголем багажник.

FreZe Nikrob е базиран на моделот Wuling Mini-EV, кој се продава во Кина за околу 3.750 евра, но има различен дизајн од кинеската верзија.

Сепак, она што е поважно за европските клиенти од дизајнот е безбедноста.

Производителот наведува дека во споредба со кинескиот модел, FreZe Nikrob ќе има воздушни перничиња и електронски систем за контрола на стабилноста, со цел да ги исполни европските регулативи и стандарди.

Затоа цената ќе биде значително повисока од онаа што ја има Wuling Mini-EV во Кина.

FreZe Nikrob ќе претрпи уште неколку модификации, вклучувајќи инсталирање на поекономични LED светла, а Carbuzz пишува дека Dartz сака да го понуди овој модел најпрво на клиенти во Германија, Норвешка и Франција, каде што е голема побарувачката за електрични автомобили.

Remote video URL
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Авто новости

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Read more

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Read more

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Read more
 

Автомобили

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе

Стокец од 10.000 евра!

Читај повеќе
  • filter

Погледнете го единствениот Lanzante McLaren Senna GTR LM 25 во светот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мал, но моќен: Поздравете го потполно електричниот мал SUV Volvo EX30

Читај повеќе