Како изгледа отворање на саркофаг запечатен со „проклетство“?

Пред неколку века, Египќаните ги погребувале мртвите во древниот град на мртвите – некрополот Сакара. Со цел да ги заштитат гробовите на нивните најблиски од кражба, тие знаеле како да напишат таканаречена клетва на ѕидовите на гробниците. Археолозите неодамна открија вакви „заштитени“ саркофази.

Големиот некропол Сакара се наоѓа на околу 30 километри јужно од современиот Каиро. Таму се наоѓа најстарата зачувана скалеста пирамида во светот, поради што е внесена на списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1979 година.

Древните свештеници ги ставале мртвите во дрвени ковчези украсени со хиероглифи. Саркофазите потоа биле запечатени и закопани во гробници над или под нивото на песокот.

Археолозите открија 160 саркофази со човечки мумии во оваа област во текот на последните три месеци и планираат да ги изложат во музеите ширум Египет во иднина. Тие исто така отворија неколку за да ја разгледаат нивната содржина.

Remote video URL
Што предвидува „проклетството“?

Експертите рекоа дека на некои од sидовите во гробниците во Сакара се напишани пцости со предупредувања за можните натрапници.

Египтологот Салима Икрам од Американскиот универзитет во Каиро анализирала некои мумии на животни кои биле пронајдени минатата година во Сакара. Таа за Business Insider објаснува дека предупредувањата во гробниците каде што се закопани мумии на луѓе, главно служат за да спречат кражби.

URL

„Овие предупредувања генерално наведуваат дека ако нечиста личност влезе во гробот, тогаш советот на богови има право да го казни сторителот и да му го свитка вратот како на гуска“, вели Икрам.

Проклетството што го цитира таа е пронајдено во гробницата на везирот Анкмахор, слуга на фараонот, кој живеел пред повеќе од 4.000 години за време на 6-тата египетска династија.

Анкмахор бил погребан во мастаба: надземна гробница во форма на правоаголна кутија. Слични мастаби биле изградени низ целиот Египет и во близина на пирамидите во Гиза и биле стандарден вид гробница во пред-династичкиот и раниот династички период. Мастаба потекнува од арапскиот збор за клупа, бидејќи оддалеку изгледа како клупа од тули.

Ако грубо би ја превеле клетвата чија цел била да се заштити вечното живеалиште на Анкмахор, би прочитале предупредување дека „сѐ што ќе ѝ биде направено на мојата гробница, ќе му биде направено на имотот на тој што ќе ја отвори“. Проклетството исто така предупредува дека везирот бил упатен во правењето магии и дека тој ќе ги исполни „нечистите“ натрапници со „ужасот да гледаат духови“.

Понатаму се предупредува дека ако некој биде фатен како краде од гробница на висок службеник, тој веројатно би бил претепан или му бил отсечен носот, рече Икрам.

Од друга страна, во гробницата на Анкамахор има и пораки за оние со чиста намера. Тие велат дека везирот ќе ги заштити на дворот на Озирис, господарот на египетското подземје. Древните Египќани верувале дека Озирис ги проценувал мртвите души пред да заминат во задгробниот живот.

Археологот кого го снајде „чудна смрт“

Записите пронајдени во гробници како таа на Анкмахор донекаде потсетуваат на клетви од хорор филмови во кои археолозите кои отвораат запечатена гробница или саркофаг завршуваат мртви или стануваат жртви на клетва.

Од таа причина, некои локални жители не сакаа да присуствуваат на отворањето на саркофазите кои беа затворени повеќе од два века.

Икрам исто така верува дека постои ризик при работата со мумиите, иако мисли на суштества од овој свет, како микроби или габи.

„Ако луѓето носат ракавици и маски, би требало сè да биде во ред“, рече таа.

URL

Верувањето дека во гробниците може да има опасни патогени микроорганизми, делумно произлегува од приказната за славниот археолог Хауард Картер, кој го ископа гробот на кралот Тутанкамон во 1922 година. Имено, член на неговата експедиција, Џорџ Херберт, почина ненадејно само шест недели откако ја отворија кралската гробница.

Сепак, понатамошните истражувања покажаа дека Херберт починал од труење на крвта откако го каснал заразен комарец.

Ако некои сè уште се сомневаат дека Херберт починал од „природни околности“, треба да се напомене дека немало проклетство на ѕидовите на гробот на Тутанкамон и дека Картер починал 20 години по неговото големо откритие.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Вести

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе