Како изгледа животот во Јакутија на -50 степени Целзиусови?
Во рускиот регион Јакутија температурата се спушта до минус 50 степени Целзиусови, а во областа живеат скоро милион жители.
Јакутскиот фотограф Алексеј Василиев преку неговите фотографии го долови секојдневието на луѓето во Јакутија, покажувајќи како изгледа овој регион и што прават луѓето за да им мине времето.
За Bored Panda тој изјави:
„Во минатото бев алкохоличар. Кога престанав да пијам, ми требаше нешто да ја пополнам празнината. Наидов на фотографирањето кое ме научи позитивно да гледам на животот“.