Како изгледаат безбедносните мерки за Г7?
Пред почетокот на Г7 самитот, околу 5.000 полицајци од Велика Британија пристигнаа во Корнвол. Тие им се придружија на 1.500 полицајци од Девон и Корнвол, како обезбедување на настанот, пишува Guardian.
Синоќа Џо Бајден со сопругата Џил се сретнаа со Борис Џонсон и неговата сопруга Кери. Државите од Г7 самитот во недела ќе дискутираат околу климата, коронавирусот и односот со Кина.