Како изгледаат сега актерките од серијата „Sex and the City“?

Кери, Миранда и Шарлот во моментов се во поинакво издание од она што го памтиме.

 

На почетокот на оваа година, сите обожаватели на серијата „Sex and the City“ беа воодушевени од веста дека хероините ќе се обединат за да снимаат продолжение на култната ТВ-серија што ќе се вика „And Just Like That…“.

Дејството наводно ќе се врти околу трите пријателки кои сега се во петтата деценија од животот. Серијата ќе се состои од десет 30-минутни епизоди. Сите досегашни информации за новите епизоди на култната серија укажуваат на тоа дека нѐ очекува бескрајно здодевна серија, барем многу различна од оригиналната, особено бидејќи Ким Катрал нема да ја повтори улогата на Саманта во новата сезона.

Снимањето на 10 нови епизоди е најавено за почетокот на летото, а судејќи според фотографијата што ја објави главната актерка Сара Џесика Паркер, подготовките се во тек.

На својот профил на Instagram, таа објави слика со Синтија Никсон (Миранда) и Кристин Дејвис (Шарлот), а зад нив се гледа дел од Њујорк.

Во описот на објавата, таа напиша: „Повторно заедно. Ги читаме првите епизоди, заедно со момците и новите членови на тимот“.

Објавата доби неколку коментари од фановите дека „едвај чекаат да гледаат нови епизоди“, но имаше и такви кои прашаа „каде е Саманта“ и веќе нагласија дека серијата нема да биде иста без нејзиниот лик.

Она што можеме да го забележиме е дека актерките многу се сменија со текот на годините. Поминаа многу години и сите знаеме дека стареењето е природен процес, но се чини дека Дејвис претерала со ботоксот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker)

Приказната во „Sex and the City“, што почна да се емитува во 1998 година, се вртеше околу секс-колумнистката Кери Бредшо (Паркер) и нејзините пријателки Миранда Хобс (Никсон), Шарлот Јорк (Дејвис) и Саманта Џонс (Катрал), нивните врски и љубов кон модата во Њујорк. Серијата се емитуваше шест сезони, освои седум Еми награди и осум Златни глобуси.

Серијата се снимаше според истоимената книга на Кендис Бушнел и иако добиваше пофалби за рушење на секс табуата, сепак наиде и на критики поради недоволниот диверзитет и ноншалантното третирање на некои многу важни теми, како расната дискриминација и еднодимензионалното и стереотипно претставување на одредени групи граѓани.

Тагови
реклама

Порано беше светска шампионка, денес е ѕвезда на сајт за возрасни

Read more

Заев: Со ДУИ, БЕСА и ДПА заедно ќе настапиме на локалните избори

Read more
Скопјанец ја претепал мајка си бидејќи не му купила ракија

Скопјанец ја претепал мајка си бидејќи не му купила ракија

Read more
Топ 10 најдобри видео игри за 2017 година

Топ 10 најдобри видео игри за 2017 година

Read more

Филм & ТВ

Меган Фокс во секси издание за Basic

Read more

Пораснаа ќерките на Силвестер Сталоне

Read more

Сѐ што е погрешно во „Wedding Crashers“

Read more

Како изгледа денес славниот Мич од серијата „Baywatch“?

Read more
 

Сцена

10 години од смртта на Ејми Вајнхаус – музичката икона која не сакаше да биде славна

Читај повеќе

Меган Фокс во секси издание за Basic

Читај повеќе
  • play_arrow

Тејлор Свифт најплатена музичарка за 2020 година

Читај повеќе

Пораснаа ќерките на Силвестер Сталоне

Читај повеќе
  • play_arrow

Сѐ што е погрешно во „Wedding Crashers“

Читај повеќе

Како изгледа денес славниот Мич од серијата „Baywatch“?

Читај повеќе
  • play_arrow

„The Last Duel“ трејлер: Историска драма со Мет Дејмон и Бен Афлек

Читај повеќе
  • play_arrow

20 години cinEdays: Доделени наградите на јубилејното издание

Читај повеќе

Гледачите ги избраа најдобрите акциони филмови на сите времиња

Читај повеќе