КОМПЈУТЕРСКА СИМУЛАЦИЈА

Како изгледало смртоносното цунами кое ги уништи диносаурусите?

Тим меѓународни научници ја симулираа глобалната поплава предизвикана од удар на астероид пред 66 милиони години.

Научниците користеле специјален софтвер за да го рекреираат огромното цунами за кое се верува дека ги „избришало диносаурусите од лицето на Земјата“ пред десетици милиони години. Поплавата предизвикана од ударот на астероидот предизвикала бранови високи неколку километри, кои ја преплавиле целата планета.

Американската Национална администрација за океани и атмосфера (NOAA) објави видео од компјутерската симулација.

Разорниот природен настан, кој бил 30.000 пати помоќен од кое било регистрирано цунами, било предизвикано од ударот на огромен астероид на местото каде денес се наоѓа полуостровот Јукатан во Мексико. Небесното тело имало дијаметар поголем од 10 километри.

Астероидот оставил длабок кратер познат денес како кратер Чиксулуб, а ударот предизвикал бранови високи до 4,5 километри.

Ударот на астероидот се совпаѓа со настанот на истребување во кој исчезнале 75 проценти од целата флора и фауна на Земјата, вклучувајќи ги и диносаурусите без крилја.

URL

Компјутерската симулација е резултат на заедничката работа на истражувачи од повеќе земји. Научниците комбинираа нумеричко моделирање и анализа на геолошки записи за да создадат она што тие го опишуваат како „прва глобална симулација на цунамито по ударот на астероидот“.

Моќната компјутерска програма која ги моделира деталите за сложените текови на течностите, наречена hydrocode, ги рекреираше првите 10 минути од генерирањето на цунамито, додека два модели на NOAA ги симулираа шемите во кои брановите се ширеле низ планетата. Научниците ги анализирале и геолошките податоци од повеќе од 100 локации низ светот за да ги потврдат своите проценки.

Ова истражување би можело да помогне да се „процени и квантифицира ризикот од идни големи удари на астероиди“. Дополнително, моделот би можел да помогне да се предвиди влијанието на цунами настани од помал обем, кои редовно се случуваат денес.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе