Како изгледаше „крвавата“ Месечина ширум светот?
Фотографи низ светот успеаја низ прекрасни фотографии да ја доловат појавата на таканаречената „крвава“ или црвена Месечина.
Вчерашната појава на црвена Месечина обично се случува во текот на помрачување, кога Земјата ќе се најде директно меѓу Месечината и Сонцето. Оваа супер Месечина беше најголема годинава бидејќи беше и најблиску до Земјата
Феноменот беше делумно видлив насекаде, а во прекрасната глетка најмногу можеа да уживаат жителите на делови од Азија и Австралија, САД и Јужна Америка.