Како изумите на НАСА го подобруваат животот на Земјата?
НАСА е насекаде, нејзината вселенска технологија се појавува речиси во сите сфери на современото живеење.
Светот денес многу се потпира на софтверот за GPS сигнали што го направи НАСА, а овозможува прецизност во областа на земјоделието, авионавигацијата и многу други.
Лесната боца под висок притисок што НАСА ја измисли за пренос на ракетно гориво денес се користи за чување кислород што може да значи живот или смрт за пожарникарите во акција и за пациенти на интензивна нега.
Што сѐ друго има придонесено тимот научници на НАСА за поедноставно живеење на обичните луѓе?