Примероците од новата C-Class за некое време ќе се видат на европските патишта.
Рендерите во врска со дизајнот на новата C-класа ги објави и познатото списание Kolesa.ru.
Неговите рендери многу лесно можат да се сметаат за веродостојни, ако се земе предвид дизајнот на најновите лимузини на Mercedes, како што се A класата Sedan или актуелизираната Е-класа, а тука пред сè мислиме на обликот на фарови и ладилникот, како и дизајнот на задните светла.
Инаку, новата генерација на Mercedes C-Class како основа ќе ја користи унапредената MRA механичка платформа со заден погон која поддржува електрификација на погонот, па освен конвенцијалните бензин и дизел опции на купувачите ќе им бидат понудени и хибридни опции.