Сè повеќе информации говорат за тоа дека претстојниот смартфон Galaxy Note 21 ќе има камера која ќе биде „скриена“ под екранот.
Samsung во Јужна Кореја ги патентираше називите „UPC“ и „Under-Panel Camera“ кои ќе се користат за екраните на мобилните телефони и ТВ уредите.
Нема гаранција дека новата технологија ќе биде дел од Note 21, но сè повеќе станува јасно дека Samsung работи на камери кои ќе бидат под екранот. Кандидатот за ова решение е и Galaxy Z Fold 3.
Samsung не е единствената компанија која работи на ваков тип камери бидејќи истото го прават и од Oppo кои веќе претставија концептен уред кој има селфи камера под екранот. Google и Xiaomi исто така работат на слични решенија.
Можно е дека до крајот на оваа година ќе бидат претставени уште неколку смартфони од различни произведувачи со слична технологија.