Како ќе изгледаа денес да беа живи: Елвис, Мерилин, Ленон, Дијана...
За жал, многу актери, пејачи и други славни личности прерано нѐ напуштија. Нивните обожаватели тагуваат по нив и децении по нивната смрт, прашувајќи се што сѐ ќе направеа да поживееја уште. Секако, се прашуваат и како би изгледале денес Елвис Присли, Мерилин Монро, Брус Ли, Ејми Вајнхаус, Курт Кобејн...
Еден од авторите на сајтот Bored Panda реши да понуди одговори на ова прашање, па со апликација за „стареење“ компјутерски ги измени фотографиите на славни личности за да добие некаква претстава за тоа како би изгледале остарени.
Некои изгледаат прилично веродостојно, додека други се дури и гротескни.