Концепти

Како ќе изгледа новиот Nissan X-Trail?

19. ноември 2019 - 15:39 | М.С.

Пристигнаа првите фотографии од најпродаваниот кросовер во светот кој на пазарот е достапен од 2013 година.

Две години по тјунирањето, со кое се сменети браниците и е освежен ентериерот, пристигнува новата генерација.

Според фотографиите, новиот SUV значително ќе се разликува од претходниците, а бројните дизајнерски елементи се преземени од новата генерација на кросовери- Juke.

X-trail ќе го задржи основниот облик и димензиите од актуелната генерација, со тоа што ќе има малку поостри геометриски детали.

Главната промена ќе биде во внатрешноста, се очекува голем мултимедијален екран со дигитална табла.

Што се однесува на моторот, Nissan X-trail ќе има модерни агрегати како што е 1,3-литарски турбо бензин и хибридна верзија со 1,2-литарски бензин со околу 136 коњски сили и 320 Nm максимален вртежен момент.

Сè уште не е познато кога ќе биде премиерата, но се очекува да биде најавен во почетокот на 2020 година.

Коментирај