Фудбал
СЕРИЈА А 2019/20

Како ќе изгледаат италијанските тимови со сите летни засилувања?

12. септември 2019 - 11:48 | Ф.З.

Во последните денови од летниот трансфер период клубовите од Серија А донесоа уште засилувања, а со завршувањето на репрезентативната пауза сите тие нови играчи ќе имаат шанса да дебитираат токму викендов.

Играчи како Алексис Санчес, Крис Смолинг, Хенрих Мхитарјан, Симоне Верди, Матео Дармјан и други добри засилувања пристигнаа во најдобрата италијанска лига во последните денови или пак часови од преодниот рок. Немаше време да се прилагодат во новите средини па беа или на клупата ама не заиграа или воопшто не беа во комбинација за натпреварите од второто коло.

Викендов во Италија се игра третото коло каде треба да ги видиме тимовите комплетни, со сите нови засилувања. Еве како треба да изгледаат претендентите за висок пласман и некои од останатите клубови кои солидно пазаруваа:

*забелешка: играчите со црвена точка се староседелци, додека оние со бела се нови

Марио Балотели, најголемото засилување на Бреша, сепак ќе може да игра тек од 5-тото коло бидејќи дотогаш мора да одлежи суспензија за исклучување.

Коментирај