„Градот како сцена: Пловечки универзитет“

Како колективната грижа ќе ни помогне да ги заживееме заедничките јавни простори?

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 07.12.2024 / 14:10

Уметничкиот проект „Градот како сцена: Пловечки универзитет“ се одржува изминативе три дена во Скопје на неколку различни локации, преку предавање, работилница и перформативна театарска тура.

Фото: Наташа Гелева за Акто фестивал

На јавното предавање на Кристин Лаз и Дејвид Нил Морси од Берлин, членови на „Флоутинг Јуниверзити“ (Пловечки универзитет), на кое се говореше за поврзаноста меѓу природата и културата и за просторни експерименти во басенот за задржување дождовница, имавме можност да разговараме со нив за идејата зад овој проект.

Разговаравме за тоа кои практики и вештини може да бидат пренесени и научени преку ваков тип на проекти, имајќи го за пример „Флоутинг Јуниверзити Берлин“  - експериментален простор за спознавање на поврзаноста меѓу природата и културата, заеднички труд на повеќе од 50 уметници, дизајнери, архитекти, научници, инженери. Сместен во напуштениот басен за задржување дождовница во близина на поранешниот аеродром Темпелхоф, овој хибриден простор функционира како составен дел од некогашниот систем за управување со води, а истовремено служи и како живеалиште на мочуришни растенија, птици, жаби, лилјаци и лисици.

Кампусот, кој е изграден со употреба на материјали со низок ризик за животната средина, вклучува прототипови на системи за филтрирање вода и служи како полигон за тестирање практики на одржлив дизајн. Денес, „Флоутинг Јуниверзити“ вклучува широк спектар на внатрешни и надворешни културни и образовни програми, поттикнувајќи дијалог за односот меѓу луѓето, урбаните средини и светот што не е само човечки. Проектот има амбиции да стане „двигател на трансформација“, отворајќи го патот за хибридна инфраструктура, која интегрира еколошки, социјални и јавни вредности во долгорочниот развој на просторот.

Фото: Наташа Гелева за Акто фестивал

Кристин Лазарова, која студирала архитектура и урбанистичко планирање во Штутгарт и урбанизам и општествени промени во Копенхаген, дизајнира урбани простори и држи предавања на таа тема. Колку и да изгледа малку веројатно дека и од општества кои немаат развиено висока еколошка свест (како нашето) може да се научи нешто таа вели дека научила нови работи за време на престојот во Македонија.

„Научив многу, особено вечерва. Дознав од Претседателот на советот на станари дека порано се водела колективна грижа за градината во дворот на Железничката зграда, се среќавале еднаш месечно, средувале и чистеле, заедно ја одржувале градината, а тоа веќе го нема како пракса. Тоа го гледаме и во Берлин, луѓето се многу поиндивидуалистички насочени... дури и во нашата организација, луѓето најчесто се приклучуваат поради некој сопствен интерес... Мислам дека тоа заедничарење кое порано било многу посилно е нешто од кое сите можеме да учиме, бидејќи на крајот станува збор за заедничка, споделена одговорност“, вели таа.

▶ Јавното предавање во Амфитеатарот на Архитектонски факултет на Кристин Лаз и Дејвид Нил Морси од „Floating University“, коешто се одржа вчера 📷 Наташа Гелева

Posted by Акто Фестивал on Friday, December 6, 2024

Дејвид Нил Морси, урбан дизајнер, практичар и урбанист специјализиран за структури од долу-нагоре, партиципативни пристапи и културен урбан развој, придонесува во различни иницијативи за урбан развој, трансформирајќи ги напуштените згради во живи културни простори во Келн и Берлин. Како фриленсер, тој соработувал со служби за урбанистичко планирање, колективи и јавни администрации во различни контексти. Во моментов ја води стратешката и посредничка работа на тимот за управување со културниот простор во Одделот за култура во Келн, претседател е на Urbane Liga eV - Alliance of Young City Makers во Германија – и работи со проектот „Floating University“ во Берлин, со цел да го позиционира како „двигател на трансформација“ за долгорочен развој на басенот за задржување дождовница.

Дејвид смета дека проектот не е нешто што очекуваат дека ќе може дословно да се пренесе во друга земја и простор.

„Не може да направите copy-paste. Дури и да има басен за задржување дождовница во Скопје, проектот би изгледал и треба да изгледа сосема поразлично. Да се развие од локалните карактеристи и потреби. Убаво е да се погледне надвор и да се биде инспириран од други проекти, но треба да се погледне и навнатре, да се види кои семиња и зачетоци на идеи ги има во Скопје и да се надградат, да се нагласат, да им се даде сила и глас. Мислам дека тоа е многу важно“, вели Дејвид.

Иако се чини дека заживувањето на вакви простори во Скопје и отворањето на нови комунални простори е нешто недостижно, барем во догледно време, ги прашавме Кристин и Дејвид која е главната цел и намена на ваквите проекти, што е она што треба да се постигне.

„Мислам дека имаме лична цел, како да се активираме во ваквите проекти за заедницата; потоа целта на проектот  - она што ја одржува мотивацијата, кога се храбриме едни со други дека работиме; и тука е поголемата цел за општеството и општествената одговорност. Ама од некаде треба да се почне“, вели Дејвид.

Кристин се надоврзува дека една од главните цели е да се отвори просторот/локацијата.

„Да се направи достапно за јавноста, да биде видливо. Јавната инфраструктура исто така може да биде јавен простор, исто така и едукативен простор, простор за учење – и простор во кој се учи, и простор кој учи од својата средина.“

Партнери на проектот „Градот како сцена: изведување на јавниот простор“ се Архитектонски факултет – УКИМ Скопје, ГЕТЕ Институт Скопје, Институт за уметност и театар од Чешка- Прашко квадриенале за дизајн на перформанс и простор (PQ), ЗК/У-Берлин – Институт за уметност и урбанизам – Берлин, Факултет за драмски уметности - УКИМ Скопје,  FONTYS Универзитетот за Уметност од Тилбург – катедра за мастер студии Performing public spaces.

Проектот е поддржан од ГЕТЕ Институт Скопје , Програмата за култура на Швајцарска амбасада во Република Северна Македонија, Министерство за Култура и туризам на Република Северна Македонија.

Во неговата реализација поддршка дадоа и Албански Театар Скопје, Национална Опера и Балет и Општина Центар.

реклама

Северина падна на концерт: Се сопна танцувајќи и прсна во смеа

Read more

Јокиќ ги уништи Вориорс, одигра уште еден феноменален меч

Read more

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Read more

Анализа на трошоците: Кои автомобили се најскапи за одржување?

Read more

Култура

Домашни производи и специјалитети од сите региони на Македонија денес може да се пробаат во Градски парк

Read more

7 ноември 1829, роден е Марко Цепенков

Read more

Силјановска-Давкова прифати да биде покровителка на 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Read more

Во Скопје концертна промоција на Afro Gitano: Албум снимен на три континенти

Read more
 

Вести

Девојката која се преправаше дека е Меделин Мекен осудена на 6 месеци затвор за следење

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост

Читај повеќе

За 9 месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра

Читај повеќе

Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца

Читај повеќе

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во Битолско, заработувале од мачење животни

Читај повеќе

Домашни производи и специјалитети од сите региони на Македонија денес може да се пробаат во Градски парк

Читај повеќе

Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Читај повеќе

Денес дожд, засилен ветер и грмежи

Читај повеќе

ЕК го заострува издавањето визи за руските граѓани

Читај повеќе