Конор Мекгрегор беше под огромен притисок да импресионира на неговиот камбек во октагонот.
Ирскиот ММА борач направи многу повеќе од тоа. Не само што го совлада ветеранот Доналд Сероне за само 40 секунди, туку и постави УФЦ рекорд – тој е прв ММА борач кој остварил нокаут победа во перолесна, лесна и велтер категорија.
Сега се редат шпекулациите за тоа кој ќе биде следен предизвикувач на Ноториус, а обожавателите најгласно навиваат за реванш со Хабиб Нурмагомедов.
По сензационалната победа на УФЦ 246, неизбежно следеше и прослава, која помина во стилот на Мекгрегор.
Забавата се одржа во клубот Encore Beach Club во Лас Вегас , според објавите на социјалните мрежи, а Мекгрегор славеше со виски од неговиот бренд Proper 12. Тој нагласи дека нема премногу да се препушта на забавување и пиење, бидејќи е фокусиран на идните борби.