Когнитивно оштетување

Како консумирањето преработена храна влијае на мозокот?

Ново истражување објавено во JAMA Neurology тврди дека консумирањето ултра преработена храна го зголемува ризикот од деменција.

Ултра преработената храна како замрзната пица и готови јадења го олеснуваат нашиот брз ритам на живот, но освен што ни заштедува време, оваа храна е и прилично вкусна.

Но, ако над 20% од дневното внесување калории се состои од ваква храна, го зголемувате ризикот од когнитивен пад, покажа ново истражување.

Оваа количина би изнесувала околу 400 калории дневно во исхрана од 2.000 калории на ден. Студијата покажа дека дел од мозокот, вклучен во извршното функционирање – способност за обработка на информации и носење одлуки, е особено погоден.

Мажите и жените во студијата кои јаделе најмногу преработена храна имале 25% побрз процент на пад на извршните функции и 28% побрз степен на вкупното когнитивно оштетување.

„Иако оваа студија не е осмислена да ги докаже причините и последиците, постојат низа елементи кои ја потврдуваат претпоставката дека одредено забрзано когнитивно пропаѓање може да се припише на ултра преработената храна“, вели д-р Давид Кац за CNN.

Во студијата учествувале над 10.000 Бразилци во период до 10 години. Над половина од нив биле жени, на просечна возраст од 51 година. Освен когнитивно влијание, преработената храна го зголемува ризикот од дебелина, проблеми со срцето и циркулацијата, дијабетес, канцер и пократок животен век.

реклама

Здравје

Пет есенски комбинации на храна за посилен имунитет

Read more

Кардиолог споделува кој појадок е најдобар за срцето и циркулацијата

Read more

Клековски вети нов скрининг за рак на дојка

Read more

Пет утрински навики што го чуваат здравјето

Read more

Магазин

Дали треба да вежбате кога имате воспаление на мускулите?

Читај повеќе

Алерголог советува што почесто треба да менувате во спалната соба

Читај повеќе

Како да направите традиционална крцкава туршија?

Читај повеќе

Од аеродром до центар за само 15 минути: Најдобрите градови за кратко есенско патување

Читај повеќе

Како Италијанците почнале да пијат кафе секој ден: Од еспресо до ритуал што трае над 100 години

Читај повеќе
  • filter

Дали балканските лидери се сликале со картонски Доналд Трамп во Њујорк?

Читај повеќе

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 5 до 11 октомври

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет есенски комбинации на храна за посилен имунитет

Читај повеќе