Како кревањето тегови може да ви помогне да слабеете?

А.С.
/ 17.03.2025 / 14:36

Популарноста на кревањето тегови се зголемува, а поради неговата ефикасност, овој вид на вежбање се смета за еден од најздравите кои придонесуваат за брзо слабеење.

Кревањето тегови ги согорува мастите, а исто така придонесува за намалување на крвниот притисок, холестеролот, стабилизирање на шеќерот во крвта, зајакнување на коските, силата и брзината, а помага и за намалување на поткожното масно ткиво и зголемување на мускулната маса.

Доколку сакате да ослабете додека правите вежби со тежина, корисно е движењата да ги изведувате од почеток до крај и да не ги прекинувате нагло, како и да ги дефинирате вежбите и бројот на серии со кои со текот на времето ќе го зголемувате бројот на повторувања и тежината на теговите, а корисно е да направите кратки паузи од околу една минута помеѓу сериите. Се советува да не претерувате со тежините.

Ако вашата цел е да изгубите тежина, корисно е да разберете дека континуитетот е поважен од тежината на тегови. Кревањето тегови го забрзува метаболизмот и согорува калории, бидејќи мускулите бараат повеќе калории за одржување на нормалната телесна тежина отколку маснотиите.

За да ја изберете идеалната тежина за кревање тегови, се советува да изберете тежина што можете да ја кренете 20 пати. Кога ја изведувате оваа вежба, важно е да го предизвикате вашето тело, но во рамките на вашите можности. Според тоа, корисно е да се постават умерени, но остварливи цели.

Ако вашата цел е да изгубите тежина додека градите мускули, вашата исхрана треба да биде повеќе рестриктивна. Корисно е да се храните здраво, да јадете доволно протеини, зеленчук и овошје и да јадете што е можно помалку масна храна и висококалорична храна. Се препорачува да пиете само вода или незасладени пијалоци, а избегнувајте енергетски пијалоци кои се богати со шеќер.

реклама

Фит

Пет навики за долг живот по препорака од врвен кардиохирург

Read more

Дали „прегорувате“ во теретана?

Read more

Тренирајте паметно: Како да ја изберете вистинската тежина за тренинг за сила?

Read more

Како да извлечете максимум од секој тренинг?

Read more
 

Магазин

Прекумерната консумација на помфрит го зголемува ризикот од дијабетес

Читај повеќе
  • play_arrow

Швајцарското сирење прогласено за најдобро во светот: Гријер ја победи конкуренцијата

Читај повеќе

Дали маратонски секс e гаранција за оргазам?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Истанбул е најпосакуваниот град во Европа годинава

Читај повеќе

Кардиолозите советуваат што да почнат да прават жените над 50 години секое утро

Читај повеќе

Пет знаци дека вашето дете е анксиозно, но тоа добро го крие

Читај повеќе

Како правилно и брзо да одмрзнете пилешко?

Читај повеќе

Кинески хороскоп: Како 2026 - Годината на Коњот - ќе ви го промени животот?

Читај повеќе

Некогаш симбол на зрелост, денес црвен аларм: Како цигарите станаа непожелен детаљ во општеството?

Читај повеќе