Како луѓето ја набљудувале Месечината пред појавата на модерната технологија?

Милениуми пред човекот да стапне на Месечината, таа била предмет на обожавање и проучување од страна на различни народи.

Векови наназад припадници на бројни цивилизации биле опседнати со набљудување на природниот сателит на Земјата и запишување на сите негови промени и фази. Со текот на времето, овие набљудувања резултирале со создавање на првите календари. Ако се земе предвид дека целосниот лунарен циклус трае околу 29,5 дена, забележливо е дека тоа е приближно колку времетраењето на еден месец. Од друга страна, иако повеќето денес го користат грегоријанскиот календар, лунарниот циклус останал составен дел на религиите и културите ширум светот.

Предмет на обожавање

Со милениуми Месечината се поврзувала со различни божества, поради што станала многу почитувана ширум светот. Во многу култури, Сонцето и Месечината често биле претставени како брат и сестра или некој вид придружник и речиси секогаш им се доделувал спротивниот пол. Некои од најпознатите владетели на Месечината биле жени како Селена, која ја обожавале древните Хелени и верувале дека секоја вечер во својата кочија ја движела Месечината преку небото. Кинезите ја почитувале божицата Чан Е, чија приказна е клучен елемент во развојот на Фестивалот на полна месечина. Додека во древниот Египет била прикажан во форма на боговите Консу и Тот.

Како што се развивала науката, луѓето дознавале сѐ повеќе и повеќе за Месечината. Со текот на времето, се појавиле бројни теории за нејзиното влијание. Многумина верувале дека небесните објекти влијаат на личноста, здравјето и болестите - на пример, мислеле дека Месечината конкретно предизвикува треска, па дури и ненадејни промени во расположението. Научниците сè уште истражуваат дали однесувањето на луѓето и животните е навистина поврзано со лунарните циклуси. Иако, како што знае секој научник, корелацијата не значи причинска врска.

Зборовите „луд“, „лудак“ и „лудост“ водат потекло од латинскиот збор за Месечината - Luna.

На почетокот на XVII век дошло до пресврт

Во 1609 година, Томас Хариот на своето око поставил цевка со конвексна леќа и конкавен окулар. Одеднаш здогледал петпати поголема Месечина, со детали кои ниедно човечко око дотогаш не ги имало видено. Го скицирал она што го видел со него, нагласувајќи ги премините помеѓу планините и врвовите на кратерите. Оттогаш, многу еволуирало во однос на проучувањето на Месечината - од алатките до самото разбирање - но важно е да се истакне дека сè започнало со ова прво набљудување преку најраниот телескоп.

Само неколку месеци подоцна, Галилео Галилеј исто така ги започнал своите револуционерни истражувања. Со помош на својот телескоп, тој забележал како сенките се движат и менуваат на површината на Месечината во текот на циклусот од 29,5 дена. Врз основа на овие набљудувања сфатил дека нашиот сателит не е мазен, туку е покриен со планини и долини. Неговите понатамошни проучувања ја поддржале теоријата за хелиоцентричниот систем, според која сите планети се вртат околу Сонцето.

Дефинирање

Во годините што следеле, различни набљудувачи ја набљудувале и скицирале површината на Месечината преку нивните рани телескопи. Поголемите карактеристики биле именувани по членови на кралските семејства, научници, региони и релјеф. Иако денес знаеме дека темните области на Месечината се всушност зацврстена лава, нивните поранешни имиња остануваат како потсетник и сè уште ги нарекуваме „мориња“ и „океани“.

Тие, исто така, често цртале лунарни пејзажи кои не секогаш биле точни. Но, потоа се појавил Јоханес Хевелиус кој направил голем чекор напред по ова прашање. Поминал години создавајќи што е можно попрецизни претстави за сè што било видливо на површината на Месечината. Конечно, кога го објавил делото „Selenographia, sive Lunae descriptio“ во 1647 година, тоа содржело цела серија цртежи и откритија.

Нова револуција во набљудувањето се случи во средината на XIX век, со воведувањето на фотографијата. Астрономите потоа можеле да направат фотографии со долга експозиција за да доловат повеќе детали од површината на Месечината. До денес, оваа работа останува клучен фактор во проучувањето на нашиот најблизок сосед.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе