Како Марсело Биелса го трансформира Лидс Јунајтед?

Лидс Јунајтед се врати во Премиер лигата. Овој клуб имаше повеќе падови од подеми, а во 2007 година беше на раб да пропадне.

Што се случи пред 16 години и како финансиските потешкотии придонесоа клубот тоне сѐ подлабоко и подлабоко?

Новите италијански газди во 2013 година донесоа ветување за успех, но дури со доаѓањето на Марсело Биелса во 2018 година клубот вистински се крена на нозе и гордо се исправи.

Марсело Алберто Биелса Калдера, познат по прекарот „Ел Локо“ (Лудиот), е поранешен аргентински фудбалер. Дебитирал во 1976 година за Њуел'с Олд Бојс, каде поминал две сезони и одиграл 25 натпревари во првенства.

Во 1978 и 1979 година ги бранел боите на Институту де Кордоба.

Професионалната кариера ја заврши во Архентино од градот Росарио на само 25 години, а тренерската кариера ја почна во 1988 година, како тренер на младинската екипа на Њуел'с Олд Бојс. Подоцна го водеше првиот тим на овој клуб, а потоа и мексиканските клубови Атлас и Америка, аргентински Велес Сарсфилд и шпански Еспањол.

Во 1998 година ја прифати понудата на Фудбалската асоцијација на Аргентина да ја води сениорската репрезентација на родната земја. Го водеше тимот на Мундијалот во 2002, каде Аргентинците настапот го завршија уште во групната фаза.

Во 2004 го предводеше аргентинскиот олимписки тим кој освои злато на ОИ во Атина. Истата година, неочекувано даде отказ од позицијата селектор на Аргентина.

Во 2007 стана селектор на репрезентацијата на Чиле, а во 2011 стана тренер на клубот Атлетик од Билбао, каде работеше до летото 2013 година.

Со Олимпик Марсеј соработуваше една полна сезона 2014/15, а во јуни 2016 беше назначен за главен тренер на италијански Лацио. Само два дена подоцна даде оставка поради несогласувања со раководството на клубот околу засилувањата во тимот. Во 2017 година кратко се задржа во француски Лил.

На 15 јуни 2018 година стана главен тренер на Лидс Јунајтед. На натпреварот против Астон Вила од 45. коло на Чемпионшип, на 28 април 2019 година, играч на екипата од Бирмингем се повреди и остана да лежи на теренот, по што неговите соиграчи очекуваа од играчите на Лидс да ја исфрлат топката во аут. Наместо тоа, Лидс постигна гол, што веднаш предизвика жестока расправија на теренот. Биелса потоа им нареди на своите играчи да ги остават да постигнат гол, па така фудбалерите на Лидс само стоеја и Астон Вила го изедначи резултатот на 1:1. За овој потег Биелса и Лидс Јунајтед ја добија наградата на ФИФА за ферплеј гест за 2019 година.

Remote video URL

Кои се уникатните тактики на Аргентинецот и како тој го извлече најдоброто од тимот што го имаше на располагање, во кој се вбројуваат Џек Харисон и Калвин Филипс?

Remote video URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе