СЕРИЈА А 2021/22

Како Мурињо го објасни неверојатниот пресврт на Јуве против Рома

Португалскиот стратег синоќа се најде во незавидна позиција откако мораше да најде објаснување за неверојатниот пораз на неговата Рома која иако имаше 3:1 против Јувентус, на крајот загуби со 3:4.

Рома поведе преди Тами Ејбрахам, а брзо израмни Пауло Дибала со одличен удар. Потоа Хенрих Мхитарјан донесе водство кратско по паузата, а Лоренцо Пелегрини со прекрасен слободен удар направи 3:1 за Рома во 53. минута.

„Имавме контрола на играта за 70 минути. Тимот одигра добро и покажа менталитет за контрола на игра. Уште на почетокот влеговме јако. Високиот пресинг, контролата на темпото и земањето иницијатива беше нашата идеја“, почна Жозе Мурињо.

Потоа во 70. минута Мануел Локатели намали на 3:2, а само две минути подоцна Дејан Кулушевски израмни на 3:3. Во 77. минута Матиа Де Шиљо прв пат по 4 години постигна гол во Серија А, гол вреден пресврт и победа.

Мурињо вели дека кога при 3:2 во игра го ставил Елдор Шомуродов на местото на Феликс Афена-Џан, узбекистанскиот напаѓач му кумувал на пресвртот.

„Сѐ беше добро 70 минути, потоа се случи психолошки колапс. Голот за 3:2 нѐ среди бидејќи Феликс имаше одличен натпревар кој заврши со спринт против Куадрадо. Го извадив, а неговата замена направи сѐ погрешно“

„Кога им дозволивме да се вратат во игра со 3:2, тим со силен менталитет како Јуве, со цврст карактер, на сцена стапи стравот. Психолошки комплекс. Мене не ми е проблем да имам 3:2, проблемот е за нив, за моите играчи“

Да биде бељата поголема, Пелегрини во 83. минута промаши пенал откако Војчех Шченсни го одбрани неговиот удар.

„На крајот, кога си во го*на, стануваш на нозе и си го бараш своето јас. Но, во нашата соблекувална има луѓе кои се малку така премногу добри, премногу слаби. Веќе им кажав на играчите дека доколку натпреварот завршеше во 70-тата минута, ќе имавме неверојатен натпревар. Нажалост, не заврши тогаш“, заврши португалскиот стратег.

Remote video URL

Рома наместо бодовно да се израмни со Јуве, остана на 32 бода, додека Јуве избега на 38 на 5-тото место.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе