Како најдобро да го извадите мрсното од меленото месо?

Една „генијалка“ на својот профил на TikTok објави ужасен кулинарски совет за тоа како да се ослободите од вишокот маснотии што се ослободува од месото за време на пржењето.

„Да ви покажам што научив пред неколку години“, напиша таа, а потоа го зеде прженото мелено месо, го стави во цедалка и темелно го исплакна под млаз вода од чешма. Потоа гордо го врати во тавата и покажа како го нема мрсното со коментарот „Видете ја сега разликата“.

Непотребно е да се каже дека ова е погрешен начин да се ослободи месото од вишокот маснотии и само наиде на жестоки критики од корисниците на оваа мрежа.

Нутриционистите советуваат дека вишокот маснотии од месото секако може да се отстрани, но не на овој начин. Ова можете да го направите така што ќе ставите 3 слоја хартиена крпа во длабока чинија и откако ќе се испржи месото, исцедете го со дупчеста лажица и наредете го на крпите, оставете малку да се излади и дури потоа продолжете со подготовката по рецептот.

Ако сакате да добиете екстремно диетално мелено месо (можеби за болно лице или за некој на кој маснотиите му се особено забранети, исцеденото месо можете да го прелиете со малку топла, зовриена вода, оставете го да отстои неколку минути, па потоа исцедете го.

Remote video URL
Тагови
реклама

Живот

Голем неделен хороскоп од 8 до 14 декември за сите знаци

Read more

Како да се спасите од стапицата на задолжување?

Read more

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Read more

Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 8 до 14 декември за сите знаци

Читај повеќе

Зошто витаминот Д не делува? Можеби го земате во погрешно време

Читај повеќе

Како да се спасите од стапицата на задолжување?

Читај повеќе

Телото ви дава знаци: Дали внесувате премногу јаглехидрати?

Читај повеќе

Десерт на денот: Брз и лесен чоколаден мус со тиква

Читај повеќе

Четири знаци дека на вашето тело му недостига витамин Ц

Читај повеќе

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Читај повеќе

Дали е безбедно да се вежба за време на настинка?

Читај повеќе

Три секојдневни навики при туширање кои ја уништуваат кожата

Читај повеќе