Првутот е проблем со кој се соочуваат многу луѓе, а кој многу тешко се решава. Понекогаш не можат да ви помогнат ниту шампоните и лосионите кои се достапни на пазарот, а кои би требало да бидат ефикасни при решавањето на овој проблем.

Поради споменатата причина, многу луѓе се свртуваат кон природни решенија. Во таа смисла, се чини дека постои релативно едноставен трик кој би требало да ви помогне во борбата против првутот, а можете да го најдете во својата кујна.
Станува збор за чај од камилица, кој, според експертите за коса, многу е корисен за ублажување на иритацијата која ја предизвикува првутот.
Поради тоа, ако темето ви е суво и ве чеша, токму тоа место на темето од главата кое е иритирано, потребно е да го масирате со крпа натопена во чај од камилица.
Меѓутоа, ова е само привремено решение. За проблемот да го решите трајно морате да преземете неколку чекори.
Најпрво ќе морате косата да ја миете многу почесто од порано, со цел да имате многу почисто и поздраво теме, а се препорачува и да следите кога се појавува првутот, па на тој начин ќе заклучите и дали постои причина за негово појавување.