Како Пирло и Баџо пред 19 години го решија Јуве
Први април 2001 година. Стадион „Деле Алпи“ во Торино. Во тек е 86-тата минута, а Јувентус има минимално водство од 1:0 против Бреша.
Младиот 21-годишен Андреа Пирло, сѐ уште релативно непознат, точно од средината на теренот испраќа ласерски прецизна топка во домашниот шестнаесетник пронаоѓајќи го легендарниот Роберто Баџо. Овој, со маестрален потег од прва ја смирува измамувајќи го Едвин ван дер Сар и потоа со лева на празен гол израмнува на 1:1.
Гол кој за љубителите на калчото не испарува од меморијата, а за оние помладите, шанса да видат што пропуштиле.