Како правилно да трчате во лето?

А.С.
/ 22.05.2022 / 14:30

Ако трчањето е редовна вежба во вашиот режим на физички активности, тоа значи дека временските услови не се пречка. Треба само правилно да се подготвите и да се прилагодите на условите.

Сепак, трчањето во лето, кога температурите се високи во поголемиот дел од денот, може да биде проблематично ако не сте соодветно подготвени.

Мора да направите некои компромиси и прилагодувања, но сепак, нема да мора да се откажете целосно од вашата омилена физичка активност.

Спортскиот нутриционист Лијам Холмс вели дека само 5% пад на хидратацијата може да се одрази со пад во перформансите и до 20%.

Затоа е добро да се информирате и да го извлечете максимумот од вашето трчање и во топлите летни месеци.

Хидратација

Јасно е дека при трчање во лето ќе се потите значително повеќе од вообичаено, па логично е да внесувате повеќе течности пред, за време на и после трчањето. Ако сте дехидрирани може да имате значителен пад на перформансите, да ви треба повеќе време за опоравување, но и да имате грчеви и главоболки.

Решението не е едноставно да пиете повеќе вода. Прекумерното внесување вода може да ја разреди концентрацијата на натриум во вашето тело и да предизвика хипонатремија (познато како предозирање со вода) во екстремни случаи.

Затоа, обидете се да ги надоместите изгубената вода и соли на правилен начин, а важно е да се напомене дека количините варираат од едне човек до друг. Ако ја внесувате вистинската количина на вода и сол, тоа ќе ве одржува во оптимална состојба.

Аклиматизација

Мора да се помирите со фактот дека додека се високи температурите нема да можете да трчате исто како кога е поладно. Почнете со пократки тренинзи и постепено зголемувајте го траењето на тренингот до минутажа што сметате дека ви е издржлива. Исто така, прилагодете го и темпото. Не се префорсирајте, може да направите поголема штета отколку корист со трчање кога е жешко.

Најдобро е да трчате рано наутро или навечер, откако ќе се спуштат температурите и одбегнувајте асфалтни патеки кои „зрачат“ топлина акумулирана во текот на денот.

Облека

Носете лесна облека од материјали што „дишат“ и не се лепат за телото кога ќе се испотите. Вложете во квалитетна спортска облека што ќе ѝ овозможи на вашата кожа да дише додека вежбате. Не заборавајте на дополнителните елементи како сенка или капа за трчање или спортски очила за сонце.

Крем за сончање

Ако трчате преку ден, задолжително ставете крема за сончање за да ја заштитите кожата, особено чувствителните делови како ушните школки, носот, рамената и стапалата.

Патека

Сменете ја рутата на трчање и движете се по патека со сенки, зеленило, вода и пристап до чешма или фонтана. Истото важи и ако трчате навечер.

реклама

Како изгледа балканско семејство на плажа?

Read more

Украинки продадоа разголени фотографии за 800.000 долари за помош на својот народ

Read more

Јаглехидрат што најдобро помага за топење на салото на стомакот

Read more

Со ракета погоден преполн шопинг-центар во градот Кременчук, има жртви

Read more

Фит

Нов трик за слабеење: Путер во утринското кафе

Read more

Тренинг за почетници: 15 минути вежби за целото тело

Read more

Јаглехидрат што најдобро помага за топење на салото на стомакот

Read more

Спремни за новиот ден: 20 минути забрзан пилатес за активирање на сите мускули

Read more
 

Магазин

Топлотен удар: Што треба да знаете и како да се заштитите?

Читај повеќе

Кога не е добро време да ги миете забите?

Читај повеќе

Стогодишник од Шкотска сѐ уште работи и нема намера да се пензионира

Читај повеќе

Што да направите за салатата подолго да остане свежа?

Читај повеќе

Како без правосмукалка да исчистите скршено стакло?

Читај повеќе

Моден викенд Скопје со млади сили одбележа 25 сезони

Читај повеќе

Препораки како да се заштитите од високите температури

Читај повеќе

За блескави подови, во водата за чистење додајте кујнска сол

Читај повеќе

Како сами да го исчистите домашниот клима уред?

Читај повеќе