Како радикалните градинари го окупираа Њујорк?
Градот Њујорк изгледаше многу поразлично во 60-тите и 70-тите. Остриот економски пад значеше масовно неинвестирање и урбано пропаѓање, особено во посиромашните населби.
Токму тоа го забележаа Хети Картан и Лиз Кристи во нивните заедници кога се сплотија во намерата да ги оживеат нивните маала така што ќе ги раззеленат.
Нивните радикални градинарски подвизи го трансформираа пејзажот на Њујорк.
Приказната ја раскажува екипата на Vox.