Како роботите ќе ги пратат вулканизерите во предвремена пензија?

Едно од работните места каде што робот ќе може да замени човек е менување гуми на автомобил.

Работните роботи за менување гуми на автомобилот имаат вештачка интелигенција и имаат способност да учат и да ги развиваат своите вештини. Исто како човек, на сите оние вулканизери каде поминуваме со часови чекајќи на ред, двапати годишно.

Добрата вест е што овие роботи се веќе во функција и комерцијално се користат во Америка. Тие се произведени од RoboTire од Мичиген и потребни им се 23 минути за да сменат комплет гуми на едно возило. Според производителот, роботот е двојно побрз од специјализиран работник кој ја врши истата операција.

RoboTire користи две раце за манипупација на шест зглобови, по една за секоја страна. Станува збор за компоненти од типот што се користат на производните линии за монтажа на делови во автомобилската индустрија.

Со системот управува вештачка интелигенција. Камерата го снима тркалото, ја одредува неговата положба, како и растојанието помеѓу завртките. После тоа, роботот ги олабавува завртките и го отстранува тркалото. Системот сè уште бара човечки надзор и бара техничар да го транспортира тркалото до уредот за менување гуми, на кого роботот веќе доставил информации за големината и видот на гумата. Крајната цел е целиот систем за менување гуми да биде целосно автономен.

Иако цената на системот не е позната, од RoboTire велат дека имајќи ја предвид зголемената продуктивност и намалувањето на трошоците за работна сила, враќањето на инвестицијата се очекува по една година.

Тагови
реклама

Авто новости

Topolino е најмалиот електричен автомобил на FIAT

Read more

Citroën го претстави хибридниот C5 Aircross

Read more

Светски рекорд: Електричен автомобил помина 2000 километри без застанување

Read more

Пресметката е јасна: Еуро 7 ги поскапува автомобилите за 2.000 евра

Read more
 

Автомобили

Topolino е најмалиот електричен автомобил на FIAT

Читај повеќе
  • filter

Citroën го претстави хибридниот C5 Aircross

Читај повеќе
  • play_arrow

Светски рекорд: Електричен автомобил помина 2000 километри без застанување

Читај повеќе

Пресметката е јасна: Еуро 7 ги поскапува автомобилите за 2.000 евра

Читај повеќе

Што означуваат зелените ленти што се појавија на патиштата во Словенија?

Читај повеќе

Tesla Model Y е најпродаван автомобил во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Читај повеќе

Загадувањето од гумите е голем проблем - која е алтернативата?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Aston Martin го претставува DB12 – разочарување на повеќе полиња

Читај повеќе